1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Јошка Фишер ги призна грешките за визната афера

Германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер вчера за првпат јавно призна сопствени грешки во врска со аферата за лесно иѕдавање виѕи во средноевропските земји. ,, Мојата грешка нема никаква врска со партијата на која што и припаѓам,, нагласи Фишер на конгресот на Зелените во Келн.

Фишер говори пред партиските делегати на Зелените од Северна Рајна Вестфалија

Фишер говори пред партиските делегати на Зелените од Северна Рајна Вестфалија

,, Ако тоа е ваша желба, јас, како и порано, во овој судир ќе одам напред да се борам за обновување на силните позиции на Зелените во Северна Рајна Вествалија и за црвено зелената коалиција. Јас во се заблагодарувам драги пријатели.. “

Фишер никогаш порано со ваков тон не ги освојувал симпатиите и наклонестоста на партиските колеги. Но тоа го направи за време на неговиот 20 минутен говор вчера во Келн. Тој ја призна сопствената грешка и ја прифати вината, но стого ја издвои од партијата на Зелените. Фишер се заколна за заеднички вредности, остро ги нападна политичките противници и вети иѕборна победа во Северна Рајна Вествалија. ,, Да не се предаваме,, беше неговиот најважем апел упатен кон коегите, но и кон него самиот, откако призна дека направил две грешки.

,, Во времето кога бев министер, во есента 1999- та се се спроведени две уредби со кои се олеснуваат злоупотребите, пред се заштитата на тн. заштитно осигурување за оние кои патуваат. И второ, во периодот од 2000 до 2002-та, значи не станува збор за сега, не дејствував доволно и одлучно како одговорен министер,, рече Фишер. Партијата, според него, и натаму се залага за отвореност и толеранција.

Фишер на конгресот во Келн беше поздравен со голем аплауз кога се спротивстави на обидите за дискриминација на Украинците. ,, Секаде се бараат начини за тоа како Украина да се увезе во Европа. И опозициската ЦДУ беше за тоа”, нагласи германскиот шеф на дипломатијата апелирајќи до Унијата да не го заборави тоа за време на истрагата за издавањето визи.

,, И тука, драги пријатели, има нешто трето што си го префрлам себе си- тоа е секако вината што дозволив сега опозицијата јавно да ја клевети нашата политика,, рече Фишер.

Фишер своите партиски колеги ги советуваше да не прифаќаат скандали, да ја промовираат слоботата на патување и да не ја наведнува главата пред кого било. Делегатите го наградија со огромен аплауз, особено поради тоа што од нив ги огради своите грешки во аферата за визите.