1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Јошико Нода на пат да биде иден јапонски премиер

Министерот за финансии на Јапонија, Јошико Нода, е избран за нов лидер на владејачката Демократска партија и согласно традицијата треба да биде и иден премиер на Јапонија.

default

Јошико Нода

Јошико Нода денеска (29.08), на гласањето во Демократската партија, успеа во вториот круг да го победи министерот за трговија Банри Каједа. По традиција, веќе утре јапонскиот парламент треба да гласа за именување на Нода за нов премиер на Јапонија.

Досегашниот премиер Наото Кан минатата недела поднесе оставка на функцијата и се повлече од раководната функција во Демократската партија. Причина е незадоволството на граѓаните од начинот на кој владата се справува со должничката криза во земјата и како Наото Кан се справи со хаваријата во нуклеарната централа Фукушима 1. 54-годишниот Нода важеше за посакуван кандидат за премиер од страна на финансиските пазари, бидејќи таму се верува дека тој подобро ќе се справи со големиот јавен долг на земјата, кој е двојно поголем од брутодомашниот производ на земјата, кој изнесува 5 билиони долари.

Автор: СН/ЕМФ/дв

Редактор: