1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Јосиповиќ: „Европа е нашата заедничка куќа“

„Членството во ЕУ на сите земји од Југоисточна Европа го сметаме за голем мировен процес, кој ќе им користи на сите држави и сите народи“, порача хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ во интервју за Дојче веле.

Дојче веле: Господине претседателе, 01.07.2013 година претставува историски ден за Хрватска и за ЕУ. Колку членството на Хрватска и поместувањето на границите на ЕУ кон Балканот ќе влијае на регионот и на вашите соседи?

Јосиповиќ: „Мислам дека ќе се одрази само позитивно. Од една страна ќе се покаже дека Европа ги прима оние кои ги исполнуваат условите, кои се реформираат и покажуваат дека се во можност да учествуваат на големиот пазар кој се вика ЕУ. И не само на пазарот, туку и во другите вредности, како што се мирот и соработката. Ми се чини дека Хрватска ќе биде во позиција да ги помогне соседите – технички и политички и да ја оствари својата желба и соседите да влезат во ЕУ. За Хрватска тоа е стратешки интерес. Членството на сите земји на подрачјето на Југоисточна Европа го сметаме за голем мировен процес, кој ќе им користи на сите држави и сите народи“.

Brüssel Tadic Josipovic

Хрватскиот претседател вели дека стратешкиот интерес на Хрватска е сите земји од Југоисточна Европа да влезат во ЕУ

Дојче веле: Хрватска им ветува помош на соседите на нивниот пат кон членството во ЕУ. Истовремено, знаеме дека пристапните преговори на Хрватска често беа блокирани од страна на нејзиниот сосед Словенија. Дали гледате можен потенцијал за таква улога на Хрватска во случајот на БиХ, Србија или Црна Гора?

Јосиповиќ: „Ние во Саборот донесовме декларација со која категорично се кажува дека отворените прашања, кои за жал ги има уште многу меѓу нас, нема да се користат и злоупотребуваат во пристапните преговори“.

Дојче веле: Како ја гледате судбината на меѓусебните тужби на Хрватска и Србија за геноцид?

Јосиповиќ: „Некои можеби ќе ги зачуди фактот дека ние денес имаме договор за воена соработка меѓу двете земји. Тужбите за геноцид настанаа во време кога не се исполнуваа очекувањата во поглед на соработката со Хашкиот суд, додека сега многу добро соработуваме за казнување на воените злосторства. Сега, сепак, има некои нови околности. Она што секогаш се прашувам, а тоа останува на нашите влади да одлучат, е дали ако нешто можете да го решите со разговор и договор, тужбите имаат смисол?“

Дојче веле: Претседателе Јосиповиќ, како по 20 години од основањето ја гледате улогата на Трибуналот во Хаг на односите во регионот? Дали и Вие го забележувате она што обвинителот Серж Брамерц го оцени како „промена на перцепцијата и правното толкување“ во последните одлуки на тој суд?

Kroatien Präsident Ivo Josipovic

Јосиповиќ оценува дека Европа ги прима оние кои исполнуваат услови

Јосиповиќ: „По 20 години од работата на Трибуналот работите не се црно-бели. Хашкиот суд имаше свои добри одлуки. Со некои можеме или не мораме лично да бидеме задоволни. Она што е важно е дека Хашкиот суд постави пат кон постојан меѓународен суд. Ние во Хрватска сме незадоволни од Вуковар, незадоволни сме што некои злосторства не се казнети по операцијата „Бура“, но сметам дека тоа во прв ред е грешка на обвинителството. Мислам дека не се одеше според најважните меѓународни стандарди, туку постоеја некои амбиции кои не одат со правосудството и тоа е штета. Затоа луѓето немаат чувство дека Хашкиот трибунал до крај ја исполни својата мисија да се казнат сите кои се одговорни за злосторствата. Сметам дека Хашкиот суд е позитивен феномен во историјата, но дека за жал не го искористи она што му беше на располагање како институција од која многу се очекува.

Дојче веле: За крај на овој разговор, што ќе им порачате на своите соседи, некогашните републики од поранешна Југославија, како претседател на новата членка на ЕУ?

Јосиповиќ: „Мојата порака е дека Европа е нашата заедничка куќа“.