1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Јовановиќ го призна убиството на Џинџиќ



Со јавно читање на исказот што еден од осомничените за убиството на српскиот премиер Зоран Џинџиќ, Звездан Јовановиќ и го дал на полицијата, денеска во специјалниот суд во Белград е прекинато судењето и дополнително ќе биде соопштено кога ќе продолжи главниот процес. "Го ликвидирав лично", се наведува во изјавата на 38- годишниот Јовановиќ кој вели дека тоа било политичко убиство, бидејќи Хаг е најголем срам за Србија. Првообвинетиот во овој процес, Милорад Луковиќ - Легија инсистирал на убиството на премиерот за да биде запрено испорачувањето на обвинетите на хашкиот трибунал.