1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Јоахим Лев останува германски селектор

Девет дена по крајот на СП во фудбал, Јоахим Лев постигна согласност со Германскиот фудбалски сојуз за продолжување на договорот до 2012 година. Ова официјално беше објавено денеска на прес-конференција во Франкфурт.

default

Селекторот Јоахим Лев и претседателот на Германскиот фудбалски сојуз, Тео Цванцигер

Покрај Јоахим Лев, своите договори до 31 јули 2012 година ги продолжија и менаџерот на репрезентацијата Оливер Бирхоф, како и помошниците на селекторот Ханзи Флик и Андреас Кепке.

„Имам радосна вест за љубителите на фудбалот во Германија - дека ги продолживме договорите со сојузниот тренер, неговите асистенти и менаџерот на тимот и оти ги потпишавме. Сметаме дека Јоахим Лев и во наредните две години ќе ја продолжи извонредната работа за германскиот фудбал што ја започна во 2004, заедно со Јирген Клинсман“, изјави денеска (20.07.2010) на заедничката прес-конференција во Франкфурт, претседателот на Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ), Тео Цванцигер.

Лев е најуспешен германски селектор досега

WM 2010 - Gruppenauslosung - Joachim Löw

Јоахим Лев (д.), Оливер Бирхоф (с.) и и Ханзи Флик (л.)

50-годишниот Лев, кој прво му беше асистент на селекторот Клинсман во 2006 година, со германската репрезентација го освои третото место на СП, а потоа, како сојузен селектор, освои сребро и бронза на ЕП во 2008 и последниот Мундијал во Јужноафриканската Република:

„Јас лично со мојот тим и се разбира со Оливер Бирхоф, многу се радуваме на оваа соравотка со ДФБ и се разбира со репрезентацијата“, рече Лев додавајќи дека германскиот тим има извонредни спортски перспективи и оти за него е голем предизвик по успешниот настап на СП да се продолжи со подготовките за ЕП во 2012.

Лев, според статистиките, е досега најуспешен германски селектор. Во 56 натпревари под негово раководство, репрезентацијата победила 39 пати, имала 8 нерешени средби и 9 порази.

Автор:СН/АТ/ард

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска