1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Јоахим Гаук до Германците - дали доволно правите за бегалците?

Германскиот претседател Јоахим Гаук во божиќното обраќање се заложи за разбирање на страдањето на бегалците. Фокусот на годишното обраќање беше под влијание на хуманитарните несреќи во Медитеранот.

Гаук во говорот до народот се фокусираше на помагањето на оние кои се во неволја. Тој ги повика сограѓаните да се сетат на оние кои имаат помалку среќа и ги пофали тие кои веќе го посветуваат своето време и својата енергија на волонтерска работа.

Оваа година, според Гаук, хуманитарните кризи во Африка и на Блискиот Исток доминираа во медиумите. Тој ги повика Германците да обрнат внимание на овие трагедии и да се запрашаат дали прават доволно за да им помогнат на илјадниците луѓе принудени да ги напуштат своите домови.

„Постојат многу причини зошто луѓето ги напуштаат домовите – војна, глад, прогон или поради потешкотии“, рече Гаук во говорот.

„Ние размислуваме за ужасната судбина на семејствата од Сирија, мислиме за оние кои се очајни, кои се осмелуваат да тргнат преку море на опасен пат кон Европа. Мислиме и на оние кои доаѓаат овде бидејќи не можат да најдат слобода, правда и безбедност, нешто што не им е овозможено во нивните татковини“, изјави Гаук.

Годинава Германија даде азил на околу 10.000 бегалци од војната во Сирија. Гаук вели дека имигрантите кои доаѓаат во Германија „сакаат да избегаат од прогонот и сиромаштијата“ и дека тие сакаат да најдат „исполнет живот“.

Шефот на државата ја нагласи и важноста од волонтерската работа во Германија, посебно во годината во која поплавите предизвикаа одгормни штети на истокот на земјата. Тој на волонтерите им порача дека се „подарок за Германија“.

Поврзана содржина