1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Јирген Клинке за ДВ-Македонија треба да се подржува во секој поглед

*

Македонија е важен фактор на стабилноста , во една нестабилна Југоисточна Европа – порача во интервју за Дојче Веле , Јирген Клинке , пратеник на Христијанско Демократската Унија во Бундестагот. Клинке кој е добар познавач на ситуацијата на Балканот , смета дека се можни потешкотии во Македонија доколку Косово прогласи независност но подвлекува дека не смее никогаш да се случи да биде доведен во прашање интегритетот на земјата .

„Проблемите треба безусловно да се одбегнат зашто Македонија е земја која во однос на стабилноста и решеноста за членство во ЕУ во секој поглед треба стратешки, политички и економски да се подржува“- изјави пратеникот во Бундестагот за ДВ . Во таа насока тој смета дека е потребно САД, Русија и ЕУ брзо да седнат на маса за да се изнајде што поскоро решение за идниот статус на Косово , до крајот на летово или почетокот на есента за да се одбегне заострување на ситуацијата во регионот.