1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ЈИЕ против глобалната економска криза

Во Охрид денеска почна Регионалниот економски форум на земјите од Југоисточна Европа. Цел на форумот, на кој се разговара за глобалната финансиска криза е, да се подобри соработка меѓу стопанствата во регионот.

default

Финансиската криза се одразува врз стопанството

Економиите во земјите од Југоисточна Европа треба да ја зголемат соработката за да се амортизираат се’ поголемите негативни ефекти од светската финансиска криза, оценија учесниците на Економскиот форум во Охрид. На три одвоени сесии експертите зборуваат за влијанието на кредитните кризи врз финансиите, инфраструктурата и енергетиката во регионот.

Финансиската криза се одразува врз реалното стопанство

Кризата ќе доведе до намалување на директните странски инвестиции во регионот, намалување на обемот на странските кредити и намалување на извозот, проценуваат експертите. Според нив, кризата веќе се чуствува во градежништвото и автомобилската индустрија, а ќе страда и металскиот сектор, па дури и туризмот. Стручњаците предупредуваат, дека сето ова ќе доведе до запирање на трендот на намалување на даноците и придонесите и ќе се одрази врз растот на бруто општествениот производ во сите земји од регионот.

Глобалната криза ќе ги забави позитивните економски движења во Македонија

Македонија сака своите позитивни искуства и предизвиците со кои се соочува во услови на глобална економска криза да ги сподели со партнерите од регионот, истакна минстерот за економија Фатмир Бесими. Тој ја искористи можноста да ги презентира актуелните економски движења во Република Македонија, а ги прокоментира и ефектите од светската економска криза.

Според Бесими, глобалната криза ќе ги забави позитивните економски движења во Македонија. Бесими, очекува надолен тренд во повеќе индустриски гранки.

Време е да се вклучи алармот!

Screenshot Börse Frankfurt

Негативен тренд на берзите

Според Мирко Пуљиќ, заменик претседател на Комисијата за хартии од вредност од Босна и Херцеговина, регионот треба да го загрижуваат причините кои доведоа светската економија да западне во една од најголемите финансиски кризи. Причината за кризата треба да се бара во големиот број ризични кредити и лошата контрола врз работата на банките. Кредитите ширум светот масовно биле одобрувани на лица кои немале постојано вработување и редовни приходи. Само за пример, вредноста на акциите на компаниите на светските берзи падна за две третини, а тој тренд е присутен и во регионот, рече Пуљиќ.

„Ова е време за аларм во регионот“, смета Дарко Станисавиќ, директор во одделот за финансиско советување во светски позната осигурителната компанија Дилојд. „Најверојатно странските инвеститори ќе го намалат своето присуство во регинот и повеќе од веројатно е дека ќе се насочат кон спас на сопствените економии.“, оценува Станисавиќ.

Претседателите ќе расправаат за економијата во ЈИЕ

Утре на економскиот форум покрај домаќинот – Претседателот на Македонија, Бранко Црвенковски, во работата ќе учествуваат и претседателите на Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Бугарија. Пред самиот почеток на форумот своето учество го откажа српскиот претседател Борис Тадиќ.

DW.COM