1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ЈИЕ – Дубровник самит

*

Тешко е да се замисли следната група кандидати за влез во НАТО и ЕУ без Србија, исто како што не е можен ни развојот во регионот без решавањето на прашањето за статусот на Косово – изјави денеска хрватскиот премиер Иво Санадер, на вториот ден од самитот за безбедност во ЈИЕ, што се одржува во Дубровник.

Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер пак претходно порача дека интегрирањето во НАТО и ЕУ е единственото решение кое им гарантира безбедност на земјите од Балканот. Шефер уште додаде дека вратите на НАТО се отворени.