1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Јеремиќ: Откажувањето од Косово води кон натамошно цепење на земјата

Србија нема да отстапи од својот надворешнополитички курс, чии приоритети се и Косово и Европската унија, затоа што „едното не може без другото“, изјави српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ.

default

Шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ

Шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ предупреди дека откажувањето од борбата за Косово би предизвикало натамошно цепење на државата. Јеремиќ, во разговорот за вечерниот „Дневник“ на српската државна телевизија РТС, нагласи дека уставна обврска на раководството на државата е да го зачува својот територијален интегритет, затоа што ако отстапи од таа обврска делењето на државата нема да заврши тука и би се јавиле слични проблеми и во други делови на Србија.

Flaggen Serbien EU

„Европскиот пат“ не е во најдобар стадиум

Српскиот министер за надворешни работи порача дека сигурно нема да има промена на надворешнополитичкиот курс на неговата земја.

„Ние немаме политичко право на тоа, бидејќи за таквата политика добивме поддршка од граѓаните“, изјави Јеремиќ. Српскиот министер нагласи дека определбата за европски пат на Србија претставува обид за обезбедување подобар живот за граѓаните и затоа не треба да се отстапи ниту од тоа.

Тој притоа призна дека „европскиот пат“ на Србија во моментов не се наоѓа во најдобар стадиум, наведувајќи дека причина за тоа е пред се’ економската и политичката криза во ЕУ.

Автор:СН/ЕМФ/бета/миа

Редактор: Е. М. Фиданоска