Јеремиќ: Нема договор за Косово со закани за еднострани чекори | Вести | DW | 17.11.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Јеремиќ: Нема договор за Косово со закани за еднострани чекори

*

Преговорите за идниот статус на Косово ќе пропаднат доколку лидерите на косовските Албанци не се откажат од заканоте за еднострано прогласување независност, изјави српскиот министер за надворешни Вук Јеремиќ.Тој по средбата со холандскиот колега Максим Фернхаген нагласи дека еднострани потези нема да придонесат за стабилност. Холандскиот министер ги повика Белград и Приштина на следната рунда преговори закажана за 20 ноември, да изнесат нови предлози. Според него „од животна важност за Балканот е да бидат избегнати еднострани чекори и да се дојде до решение преку преговори.