1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Јемен протестира за ослободување на киднапираните

Продолжува потрагата по шесте заложници од Германија и Велика Британија, кои минатиот петок беа киднапирани во Јемен. Револт од киднапарињето искажуваат и жителите на градот Сада, каде Германките работеле десет години.

default

Мртвите тела на три киднапирани жени беа пронајдени пред неколку дена, се трага по останатите

Министерството за надворешни работи на Германија го потврди идентитетот на една од двете убиени Германки, додека за киднапираното семејство се знае дека доаѓа од покраината Саксонија. Портпаролот на Министерството, Јенс Плетнер, за престојот на Германците во кризните области изјави: „И во овој случај важи истото правило: ние можеме да укажеме на опасноста од патување во некое место, меѓутоа не можеме ниту да ја ограничиме, ниту да ја забраниме слободата на движење на граѓаните“.

Jemen Deutschland Entführung Polizei in Sanaa

Потрагата по исчезнатите е проширена и во соседните провинции

Во меѓувреме, во Сада владеат демонстрации, досега незапамтени за малиот јеменски град. Илјадници граѓани се собраа на улиците за да искажат протест против убивањето на странските државјани, кои многу помогнале во развојот на земјата. Кој и да стои зад ова, велат тие, ги прекршил законите на исламот.

На протестите се појавија и медицинските сестри и докторите од локалната болница, во која работеле трите убиени жени. Нив најмногу ги загрижува судбината на шестмината, кои се` уште се во рацете на киднаперите. „Го молиме секој, кој знае нешто за киднапираните, да помогне во нивното наоѓање. Јеменската влада и жителите овде прават се` што можат за да се расчисти случајот. Многу сме благодарни за тоа“, вели една жена, присутна на протестот.

Владата на Јемен ја прошири областа на потрага по киднапираните и во соседните три провниции до Сада, а властите понудија парична награда од двесте илјади евра за информација што би можела да помогне во нивното спасување. Но, и покрај се’, шест дена по ред нема никаква трага од исчезнатите.

Автор: Тим Јански / Трајче Тосев

Редактор: Александра Трајковска