1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Јемен во фокусот на Америка

САД и Велика Британија ги затворија своите амбасади во Јемен поради загриженост од напади. Затворањето на американската амбасада беше соопштено на нејзината веб-страница.

default

Зголемените знаци дека се можни напади врз американски и британски институции во Јемен, беа повод за затворање на амбасадите, но и за заедничка иницијатива на двете земји. САД и Велика Британија имаат намера да и` пружат финансиска поддршка на јеменската единица за одбрана од тероризам. Портпарол на британската влада соопшти дека Велика Британија во 2011 година на Јемен ќе му даде повеќе од 112 милиони евра помош. Помошта е договорена со јеменската влада. Британскиот премиер Гордон Браун, во петокот, даде предлог за одржување меѓународна конференција посветена на состојбата во Јемен. Средбата би можела да се одржи на маргините на меѓународната конференција за Авганистан, што во Лондон ќе се одржи на 28 јануари.

САД и сега ја поддржуваат владата на Јемен

Висок претставник на американската администрација изјави дека и сега и` се дава финансиска поддршка на јеменската полиција за одбрана од тероризам. Во рамки на анти-терористичката програма, на владата во Сана минатата година и` се дадени 67 милиони долари помош, се вели во Вашингтон. Американскиот генерал Дејвид Петреус, вчера (02.01.2010) во Јемен најави

Jemen US-Botschaft

Американската амбасада во Сана, Јемен

двојно зголемување на финансиската помош за одбрана од терористички напади. Американскиот претседател Барак Обама, кој вчера првпат јавно ја обвини Ал Каеда во Јемен за планираниот напад врз авионот кој леташе на линија Амстердам-Детроит на 25 декември, рече дека Вашингтон ќе ја зголеми соработката со Јемен.

„За приоритет го прогласив засилувањето на нашето партнерство со јеменската влада и обука и вооружување на нејзините безбедносни сили, како и размена на информации на тајните служби, со кои би им се нанесол удар на терористите на Ал Каеда. Тоа донесе успех уште пред Божик - беа погодени кампови за обука, беа елиминирани лидери, беа прекинувани разговори. Сите кои беа учесници во обидот за терористички напад на Божик, мора да знаат - ќе бидете повикани на одговорност“, изјави Обама.

Според раководителот на Националниот центар за одбрана од тероризам во САД, Мајкл Лајтер, терористите планираат натамошни напади на американска територија.

Автор: ЕМФ/ТТ/дпа/апд/дв