1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Јемен во прегратките на Ал Каеда

Лидер на ќелија на Ал Каеда бил убиен во борби со јеменските безбедносни сили, објави државната јеменска новинска агенција. Абдул ал Мехдар загинал во неговиот дом во борба со безбедносните сили кои ја опколиле куќата.

default

Јемен се најде засилено во фокусот на вниманието на меѓународната анти-терористичка кампања дури по неуспешниот напад врз американскиот патнички авион кај Детроит, на 25 декември. Атентаторот, имено, бил обучуван од Ал Каеда токму во Јемен. Терористичката мрежа во оваа држава на арапскиот полуостров има создадено своја борбена база пред повеќе од една година. Зошто Јемен е идеално прибежиште за Ал Каеда и дали помошта од странство може да ја стабилизира земјата?

Правен вакуум

Владините трупи на Јемен на север во немирната провинција Сада водат борби против бунтовниците од племето Хоути. На југот се преокупирани со тоа под контрола да ги држат оние кои се борат за отцепувавање на тој дел од Јемен од северот на земјата.

Jemen Sanaa Polizeisperre Flash-Galerie

Полициска блокада во Сана

Освен тоа, од 2006 година, во таа држава се активни припадниците на Ал Каеда. Тие се составени од бунтовници од самиот Јемен, но и екстремисти од соседна Саудиска Арабија. Тие во оваа ридеста држава имаат доволно скривалишта. Со оглед на политичката ситуација, која може да се опише како состојба на правен вакуум, Ал Каеда досега во Јемен дејствуваше без поголеми проблеми.

Терористите имаат постојан прилив на членови

И додека владата во Сана проблемот со Ал Каеда свесно го потиснуваше, тврдејќи дека постојат само 200

El Kaida im Jemen im Visier der US-Militärs

Осомничени членови на Ал Каеда во суд во Сана (архива)

припадници на оваа екстремистичка мрежа во земјата, меѓународните експерти говореа за многу поголем број. Еден од оние кои говорат за голем број екстремисти е и Калил Ал Ел Нани научник од центарот „Ел Кам“ за политички и стратешки студии:

„Тие најмалку имаат меѓу 1000 и 1500 припадници. Нивниот број не стагнира, напротив - тие имаат вистински прилив на нови членови. Нив ги поддржуваат разни племиња во Јемен.“

Активностите на мрежата Ал Каеда ги финансираат поединци од Блискиот исток, кои на тој начин и‘ овозможуваат да шири страв во разни делови на светот. Инаку, низ Аденскиот залив води најважната рута за минување на бродови од и кон Азија. Во тие води дејствуваат и пирати од Јемен кои ги напаѓаат трговските бродови.

Јемен: држава која незапирливо се распаѓа?

Базата на пиратите, меѓутоа, се наоѓа во Сомалија, која е држава во распаѓање, вели Гидо Штајнберф од фондацијата „Наука и политика“ од Берлин. Доколку би се распаднала и државата Јемен тоа би имало фатални последици, смета Штајнберг:

„Заканата дека Аденскиот залив во тој случај од двете страни би бил омеѓен со држави во кои нема ред и поредок и системот се распаѓа, е навистина застрашувачка. Поради тоа сето она што се случува во Јемен и тоа како има влијание врз светската економија и регионалната безбедност.“

Karte Jemen Flash-Galerie

Од државите на ЕУ, Германија издвојува најголема помош за Јемен. ЕУ се обидува со парична поддршка да ја зацврсти државната власт. Паричната поддршка, меѓутоа, нема да биде доволна, смета Штајнберг:

„Во изминатите години постојано гледавме дека соседните земји, па и меѓународната заедница, можат малку да сторат во случај кога некоја држава пропаѓа. Се сомневам дека располагаме со инструменти, кои би овозможиле стабилизација на таа земја на подолг период, а се сомневам и дека моменталниот интерес што го имаме е доволен за такво нешто.“


Автор: Петер Штефе / Симе Недевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска