1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ја сакаме Македонија!

Близу 5 децении Семинарот за македонски јазик, литература и култура ја продолжува улогата на сесловенскиот универзитет на Свети Климент. Конгресниот центар е свет во мало. Без оглед кој од каде е, се зборува македонски.

default

Охрид

Младите студенти со многу љубов зборуваат за Охрид, езерото, луѓето. Најинтересно звучат почетниците, до нив се оние од средниот, а во напредниот курс веќе слушаат предавања сврзани со македонската историја, јазик и култура. Пјотр е од Полска.

„Одлучив да студирам македонски, зашто претходно студирав словенечки јазик, македонскиот го имав како втор јазик. Размислував, мислам дека за мене Македонија е попривлечна од Словенија. За нас се‘ е интересно, ќе понесам убави спомени во Полска.“

Залезот на сонцето и езерото - неповторливи

unge Teilnehmer an dem Internationalen Seminar für die mazedonische Sprache, Literatur und Kultur in Ohrid Mazedonien

На Тајсон од Америка му се допаѓаат и македонските девојки

Втор пат сум на семинарот, вели Тајсон од Америка :

„Учев во Индијана и слушнав дека се даваат стипендии. Се вљубив во македонскиот и почнав да го студирам. На магистерски студии се префрлив во Вашингтон. Годинава не‘ има петмина од САД.“

Најбав спомен од Охрид ќе ми биде езерото, вели Тајсон:

„Многу го сакам езерото, чисто е. Кога заоѓа сонцето бојата на водата е неповторлива. Луѓето тука се многу љубезни. Затоа ги сакам Македонија и Охрид и повторно им се враќам. А да, и девојките се многу убави....“

„Не зборувам добро македонски, но ќе научам“

Конгресниот центар во Охрид годинава е претесен да ги собере сите коишто сакаат да се дел од летната македонистичка школа. Организаторите се среќни што бројот на семинаристите е како во „златните времиња

Junge Teilnehmer an dem Internationalen Seminar für die mazedonische Sprache, Literatur und Kultur in Ohrid Mazedonien

Оља и Ана од Украина и Ана од Русија

“ . Тоа зборува дека интересот за македонскиот се шири и покрај недефинираната стратегија на државата за македонските лекторати и вербата дека семинарот може да помогне во афирмацијата надвор од сопствените граници.

Претпладне предавања, попладне плажа, ако времето го дозволи тоа. Навечер се вијат ора и, за првпат, се учат македонски песни: Олја и Ана од Украина и Ана од Русија ги спои семинарот.

„На почетен курс сум. Уште не зборувам добро македонски, но до крајот на семинарот ќе зборувам. И ќе пеам и ќе играм ора.“

Олја додава: „ Знам бугарски јазик. Јас сум филолог и предавам украински и бугарски. Македонскиот е уште еден убав словенски јазик, зашто да не го научам?“

Ана од Русија со возбуда ни‘ откри дека напреднала:

„Сега сум на среден курс. Имаме лекторски вежби, а ме чекаат предавања од областа на македонската историја и култура. “

Има и студенти од Јапонија, Бангладеш...

Украинката Ана, една година живее во Скопје. Така го совладала македонскиот, дури собрала храброст и да преведува:

„Преведувам од македонски дела на поети и писатели . Современите поети: Богомил Ѓузел, Санде Стојчески, Весна Ацеска, Бранко Цветкоски, Славе Ѓорѓо Димоски .... Со нив и се дружам.“

Годинава во Охрид има близу 100 учесници. Најбројни се Русите, па Полјаците. Има студенти од Јапонија, Јужна Кореја, Австралија и Бангладеш. Со лица од кои се чита среќа, ветуваат дека ќе дојдат пак.

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM