1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Ја разубавува ли владата сликата за сиромаштијата во Германија?

Кој е богат, кој е сиромашен? Кој е загрозен од сиромаштија а кој успеал да се збогати? Прашања на кои треба да одговори Извештајот за сиромаштијата и богатството на германската влада. Но на него се чека веќе долго.

Секои четири години германската влада претставува извештај за тоа како се распределени богатството и сиромаштијата во земјата. Замислено е овој извештај да биде објавуван на средината на легислативниот период , меѓутоа актуелниот четврти извештај за богатството и сиромаштијата во Германија од септември наваму е заглавен во владините министерства. Денеска (6 март 2013) кабинетот на канцеларката Меркел треба конечно да го усвои извештајот и потоа да го поднесе на расправа во Бундестагот.

Толкун долго опозицијата не сакаше да чека. Таа уште претходно побара дебата во Бундестагот, бидејќи минатата есен беше дека  првичниот нацрт-извештај составен од надлежната министерка за социјална политика Урсула фон дер Лајен , бил преработуван во министерството за економија и променет на клучни места.

Трикови, прикривање, разубавување

Така во првиот предлог-извештај се вели: Додека развојот на повисоките примања беше позитивно растечки , пониските плати во последните десет години, ако се пресметаат вредностите на инфлацијата, се намалиле. Јазот меѓу високите и малите примања се зголемил. Таков развој на примањата во земјата го повредува чувството за праведност кај населението и го загрозува општественото единство“ Од ова сега произлезе реченицта дека падот на реалните примања е одраз на структурните подобрувања на пазарот на труд.

Armut in Deutschland Bettler auf der Strasse

„Се обидувате со цензура да ја прикриете социјалната реалност во оваа земја “, ја обвини владата во Бундестагот, пратеничката на опозициската Партија на зелените Катрин Геринг Екард. Зелените критикуваа дека  во министерството за економија  се избришани  многу реченици од првичниот предлог-извештај, На пример укажувањето на тоа дека четири милиони луѓе во Германија работата за надница од седум евра на час. Речиси осум милиони луѓе во Германија живеат со ниски плати. Тоа се повеќе луѓе отколку вкупниот број на жителу во четирите најголеми града во Германија, Берлин, Хамбург, Минхен и Келн.

Ниски плати и очајни работни услови

И претседателот на опозициската  Социјалдемократска партија  Зигмар Габриел критикуваше дека милиони луѓе во Германија и покрај тоа што работата со полно работно време не можат да преживеат со нивните плати. Тие се принудени да бараат од државата дополнителна поддршка . „Не станува збор само за висината на примањата, туку и за вредноста и достоинството на работата“, изјави Габриел

Тој ја обвини владата дека со промените на првичниот предлог-извештај сака да ја фалсификува реалноста. Со избришаните и преформулирани реченици владата ги забошотува фактите и информациите ги држи во тајност од јавноста. „Кој посега по такви сретства, ги навредува не само погодените туку и наштетува и на демократската јавност и на демократијата“, порача Габриел во Бундестагот.

Нема масовна сиромаштија во Германија

Говорниците од пратеничките групи на владејачките партии ги отфрлија обвинувањата на опозицијата. Нормална постапка е кога извештајот од министерството за труд и социјална политика се поднесува во другите ресори на одобрување, изјави политичарот на Христијанско Демократската Унија, Матијас Цимер. „Во Германија нема масовно осиромашување. Напротив. Од преземањето на власта од страна на канцеларката Ангела Меркел во 2004 година социјалниот јаз повторно се намалува. Тоа ќе го потврди и владиниот извештај за богатството и сиромаштијата во Германија“, порача сопартиецот на Меркел.

Јоханес Фогел од владејачката Либерална партија пак истакна дека во извештајот јасно ќе бидат истакнати успесите на актуелната влада: „Имаме помалку невработени во земјата, помалку долготрајна невработеност, најмала стапка на невработеност кај младите во цела Еврпопа. Секторот на минимални примања е смален. Никако не може да се говори за социјален распад кога станува збор за оваа влада“ , порача Фогел 

Обвинувања од социјалните здруженија

Бришењето на делови од предлог-извештајот предизвика жестока дебата во Германија. Историчарот на социјалната политика, Улрих Велер ја обвини владата дека не сака да дозволи икрена дебата за темата -социјална праведност, која мора да се води значително поартикулирано.

И социјалните здруженија ширум земјата го критикуваа одложувањето на објавувањето на извештајот и ја обвинија владата дека ја минимизира и ја претставува погрешно сиромаштијата во Германија. Националната конференција за сиромаштија (НАК) смета дека сиромаштијата се вкоренила во Германија. Сиромаштијта е политички посакувана , изјави заменик-портпаролот на НАК, Михаела Хофман при претставувањето на извештајот за сиромаштијата во Германија на оваа организација во декември минатата година.