1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Јајца и чадни бомби летаа во украинското собрание

Парламентарците навистина станаа агресивни, но на крај сепак го изгласаа 25 годишното продолжување на наемот на базата на руската црноморска флота на Крим. Украина за возврат ќе добие поевтин природен гас од Русија.

default

Денешното гласање во украинскиот парламент помина со „мали инциденти“

Украинскиот парламент во Киев го изгласа продолжувањето на договорот со Кремљ, и покрај тоа што поделените пратеници отворија вистинска војна едни против други. Во украинското собрание скоро и да не се дишеше од активираните чадни бомби. Неколку црни чадори го штитеа претседателот на собранието од хартиените топки и јајцата што пратениците ги фрлаа кон него, додека други пратеници си ги затнуваа носевите или ставаа заштитни маски.

Ова е првиот договор што Украина го потпишува со Русија, откако на власт дојде претседателот Виктор Јанукович, кој се залага за поблиски односи со Кремљ. Спогодбата е веќе ратификувана од долниот дом на руската Дума и со него се предвидува 25 годишното продолжување на наемот на базата на руската црноморска флота на Крим, по истекувањето на актуелниот договор во 2017 година.

„Чин на предавство“

Ukraine Abstimmung Schwarzmeerflotte Parlament

Несогласувањата ескалираа, договорот е усвоен

Украина за возврат ќе добие за 30 насто поевтин гас од Русија, што на рок од десет години ќе и` донесе заштеда од триесет милијарди евра. Рускиот нафтен концерн „Гаспром“ досега во три наврати го сопираше испорачувањето гас кон Украина, која инаку е најважната транзитна земја за рускиот гас, поради неподмирените долгови од страна на владата во Киев.

Дмитриј Медведев и Виктор Јанукович уште минатата недела го потпишаа договорот, кој опозицијата го нарече „чин на предавство“ и се закани дека ќе ја прекине ратификацијата, затоа што смета дека секакво продолжување на руското влијание во земјата ќе бара промена на уставот и референдум.

Пред зградата на парламентот во Киев и понатаму се собрани приврзаниците на опозицијата, кои протестираат против договорот.

Автор: ТТ/ЖА/дпа/миа

Редактор: Александра Трајковска