1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Јаху пред преземање од Мајкрософт

Во минатата недела настан број еден во светот на бизнисот беше желбата на Мајкрософт да го преземе Јаху. Тоа предизвика бура во концернот. Повеќе би сакал да се спои со ривалот Гугл.

default

Дали Јаху ќе издржи пред налетите на Мајкрософт?

Јаху не е одушевен од 45-те милијарди долари, односно околу 30 милијради евра. Ќе се преиспитаат стратегиските алтернативи, соопшти фирмата на својата веб-страница. Меѓу нив и можноста да се остане независен, но тоа би одзело многу време. Јаху очигледно има намера да им даде шанса и на понудите на други фирми, за што ги ангажираше инвест-банките Голдман Сакс и Леман Брадерс. Мајкрософт пак, со овој чекор, сака да му се приближи на првиот на пазарот Гугл кој е далеку напред. Во пребарувачките прашања Гугл држи две третини од светскиот пазар, Јаху околу 13 проценти. Аналитичарот Улрих Траберт од Мецлер банката смета:

„Не може да се исклучи ниту можноста за освојување на пазарот на задна врата, односно да се освои одново. Меѓутоа, во актуелнава ситуација мора да се каже дека изгледите на Јаху во директна споредба со Гугл се полоши„.

Јаху ќе се обиде при било кое преземање за своите акционери да го извлече најдоброто, вели Траберт:

„Може да се каже дека основачите неволно би се откажале од автономијата на фирмата. Тоа може да биде пречка, зашто уделот акции што го имаат основачите не е толку голем. Значи и други имаат што да кажат на таа тема, па во секој случај може да дојде до преземање„.

Како можни кандидати се спомнуваат медиумскиот концерн Њус корп, Тајм Вернер или телекомуникацискиот концерн АТиТ. Но, понудата на Мајкрософт за Јаху е за 62 процента преку последниот курс на Јаху, а софтверскиот џин и финансиски е силен. Аналитичарот Траберт смета дека има и други предности во евентуалниот заеднички настап на Јаху и Мајкрософт:

„Во овој случај обединувањето ќе донесе поголема моќ. Со најдобрата технологија што ќе ја имаат на располагање би можеле да настапат против Гугл. Од друга страна, постои и ефектот на голема заштеда„.

На тој план би можело да се очекуваат заштеди до милијарда долари. Други пак, го оспоруваат тоа и укажуваат на различните култури и структури на двете фирми. Би настанале поголеми тешкотии и затоа што на Јаху досега не му успеа да ги интегрира сите негови услуги. Од своја страна Гугл страхува од моќниот конкурент. Ако на Мајкрософт му успее преземањето, тогаш се заканува да се загуби отвореноста на Интернет.