1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

„Јас сум кралот!“

Касиус Клеј пред 45 години за првпат стана светски шампион во бокс во тешка категорија. Боксерот, кој премина во муслиманска вера и си го смени името во Мохамед Али стана легенда.

default

Мохамед Али

"Јас сум кралот. Јас сум најдобар!“ Со овие зборови Касиус Клеј, подоцна Мохамед Али, ја прогласи победата против Сони Листон со што за првпат стана светски шампион. Почна нова ера во светскиот бокс. Касиус Клеј е роден на 25. февруари, 1964 година, во сиромашно семејство. Пресвртот во неговиот живот се случи кога на 22-годишна возраст тој доби шанса да се бори за титулата светски првак во бокс. Неговиот противник, Сони Листон, важеше за фаворит - во обложувалниците нивниот сооднос беше 7:1. Клеј успева да ја освои титулата и оттогаш станува главна тема, и тоа не само во спортските кругови. Внимание привлекоа неговиот стил на борење, како и препотентните изјави: „Успеав да победам големо, опасно чудовиште, кое ги нокаутираше сите досега - се` додека не се појави малиот Касиус Клеј од Кентаки“, изјави самиот Клеј по победата над Листон:

Muhammad Ali Kampf gegen Sonny Liston 1964

Од бокс мечот Мохамед Али против Сони Листон

Но, како му успеа на Касиус Клеј да го победи Листон? Тој уште пред почетокот на мечот сфати дека во боксот самодовербата игра клучна улога, смета писателот Норман Мејлер, кој со години интензивно се занимава со феноменот наречен Мохамед Али: „Пред натпреварот, тој го нарекуваше својот противник со многу погрдни зборови, со цел да го изнервира и на тој начин да го ослаби. Единствен начин да го победи Листон беше да го разбесни и да го деконцентрира“, анализира Мејлер.

Остана непопустлив

Она што ја сопре успешната кариера на Касиус Клеј, по осумкратното освојување на титулата светски првак, не беше слабоста, туку непопустливоста. Во знак на протест против расната дискриминација во САД, Касиус премина во ислам и го зеде името Мохамед Али. Кога во 1967 година одби да оди во Виетнам како американски војник,

Muhammad Ali gegen George Foreman 1974

Мохамед Али го нокаутира Џорџ Форман

беше осуден на пет години затвор. Благодарение на платената кауција, Клеј останува на слобода, но ја губи титулата светски првак, како и лиценцата повторно да се натпреварува. Во 1971 година повторно се враќа во рингот, каде го доживува првиот пораз во кариерата. Иако многумина го прогласија за „отпишан“, тој успева уште во два наврата да ја освои титулата светски првак и на тој начин да стане бесмртен - бидејќи тоа не му успеало на никој друг досега.