1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Јасни пораки од форумот во Давос

Денеска (31.01.10) во Давос завршува Светскиот економски форум. Важни пораки од него: банките се противат на плановите за построго регулирање на пазарите, а влијанието на земјите во подем се’ повеќе се чувствува.

default

Годинава во Давос дојдоа значително поголем број банкари и топ-менаџери на инвестициски фондови отколку претходните години. Не е ни чудо, бидејќи на втората средба во Давос по крахот на финансискиот сектор во САД, па потоа и во целиот западен свет, тие бараа сојузници меѓу колегите од другите бранши, како и од политиката за да им се спротистават на најавените

DW Hintergrund Deutschland Marco Vollmar

Марко Фолмар

реформи. Ова се однесува пред се’ на реформите за банкарскиот сектор што ги најави американскиот претседател Барак Обама. На банкарите имено не им одговара државата да им наложи раздвојување на секторот што работи со клиенти од инвестиционата дејност.

Политичарите присутни во Давос меѓутоа манифестираа мал до никаков интерес за желбите на банкарите. А во отсуство на Барак Обама улогата на морален проповденик ја презеде францускиот претседател Никола Саркози, кој упати јасни зборови на критика на сметка на финансискиот сектор. И тоа може да се вброи во новините од Давос годинава. Овде не е вообичаено да се чујат така јасни зборови и тоа изговорени јавно.

Конечно, новина во Давос беше и тоа што земјите во подем добиваат се’ поголемо влијание. Претставниците на политиката и индустријата од богатиот Запад овој пат многу повеќе бараа контакт со земјите во подем. Се чини дека тие се единствените кои профитираа од големата финансиска и економска криза.

Автор на коментарот: Марко Фолмар

Превод: Горан Чутаноски

Редактор: Александра Трајковска