1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Јасен знак од меѓународната заедница до Иран

Натамошните постапки во спорот околу атомската програма на Иран во средиштето на дипломатските активности што се одвиваат денеска во Берлин

Меркел и Рајс

Меркел и Рајс

Министрите за надворешни работи на постојаните членови на Советот за безбедност САД, Франција, Велика Британија, Русија и Кина во Берлин разговараа за идните чекори во спорот со Иран. Во разговорите учествуваше и првиот човек на германската дипломатија, министерот Франк-Валтер Штајнмаер. Шефот на американскиот Стејт департмент Кондолиза Рајс претходно беше на разговори и кај канцеларот Ангела Меркел. Во едночасовниот разговор во кабинетот на канцеларот, освен за спорот со Иран, станало збор и за ситуацијата на Блискиот исток, но до почетокот на емисијава не се соопштени никакви подробности.

Рајс на пат кон Берлин изјави дека во спорот треба да бидат земени предвид и други задршки во однос на политиката на Исламската република и ги наведе антиизраелскиот став и подршката за Сирија и за милициите на Хезболах во Либан. Атомските планови на Иран треба да се посматраат во контекст; „тоа е режим кој ги попречува мирот и стабилноста на Блискиот исток“ – рече Рајс. Според неа, декларацијата на ОН е доказ за изолираноста на Иран.

Тоа е констатирано и на средбата на министрите на која тие го потврдија барањето Иран да ја запре досегашната атомска програма. „Ова беше добар и супстанцијален состанок. Ние ја споделуваме заедничката загриженост поради продолженото непочитување на заклучоците на Советот на гувернерите на Меѓународната агенција за атомска енергија. Советот за безбедност усвои декларација и со тоа е даден јасен знак дека меѓународната заедница од Иран изрично бара да ги исполни чекорите наложени од Советот на гувернерите“ – рече на прес-конференција по средбата германскиот министер Франк-Валтер Штајнмаер. „Ова е силен сигнал до Иран дека курсот ќе биде за преговори, а не за конфронтација“ – порача Кондолиза Рајс.

Советот за безбедност на ОН синоќа, по тринеделно натегање, конечно се усогласи околу заедничка декларација со која на Иран му е даден рок од 30 денови за да се откаже од натамошно облагородување на ураниум. Тоа, барем според реакциите, не го импресионира раководството во Техеран: иранскиот амбасадор во светската организација Џавад Сариф изјави дека неговата земја нема да му излезе во пресрет на барањето. Ова денеска во Виена го потврди и иранскиот претставник во Меѓународната агенција за атомска енергија Алиасгар Солтанијех.

Иранскиот министер за надворешни работи Манушер Мотаки, пак, предложи создавање „регионален конзорциум“ за смирување на спорот, во кој би влегле земјите од регионот кои веќе имаат национална програма за облагороддување на ураниум и сакаат да развиваат цивилни нуклеарни активности. На конференцијата на ОН за разоружување денеска во Женева, Мотаки предложи надзорот да биде во надлежност на Меѓународната агенција. Тој уште еднаш го нагласи правото на својата земја на мирољубиво користење атомска енергија и ја критикуваше, како што ја означи, „избрзаната“ постапка на Советот за безбедност.

Поврзана содржина