1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Јап Де Хоп Шефер за насилството на Косово ги обвини албанските екстремисти

НАТО и КФОР ќе останат на Косово,порача вчеравечер генералниот секретар на алијансата, Јап Де Хоп Шефер. Тој на прес конференцијата во Приштина рече дека е согласен со оценката на шефот на УНМИК, Хари Холкери, дека нападите врз Србите ги организирале и оркестрирале албански екстремисти и дека тоа насилство треба најостро да се осуди.

”Тоа што се случи минатата недела било организирано од екстремни фракции во албанската заедница. Тоа треба да биде осудено и тоа е срамота. Од раководството на албанската заедница бараме да го осуди насилството во целост, зашто довербата е загубена”, нагласи Шефер.

Шефот на УНМИК, Хари Холкери, од своја страна, подвлече дека е разочаран од фактот дека лидерите на косовските Албанци не го осудиле насилството врз Србите и ги повика да го преземат својот дел од одговорноста.