1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Јапонците протестираат против атомската енергија

Десетици илјади лица протестираа во Токио со барање Јапонија да се откаже од нуклеарната енергија.

Десетици илјади лица се собраа во Токио, 16 месеци по нуклеарната катастрофа во префектурата Фукушима, со барање Јапонија да се откаже од користењето на нуклеарната енергија.

Според организаторите, 170 илјади лица се собрале во паркот Јојоги, југозападно од центарот на Токио.

„Нема потреба од нуклеарна енергија! Вратете ни го регионот на Фукушима“, извикуваа демонстрантите.

„Сакам на моите деца и на внуците да им оставам чиста средина, чиста Јапонија“, истакна еден пензионер на протестите.

Тие носеа разнобојни знамиња, со кои беа прикажани различните региони на Јапонија, од кои доаѓаат.

Во Јапонија со месеци се одржуваат антинуклеарни протести. Во земјата во моментов работи само еден од 50-те нуклеарни реактори, но компаниите за електрична енергија сакаат активирање и на други реактори.

Нуклеарката Фукушима беше тешко штетена во земјотресот и цунамито, при што дојде до топење на јадрото во реакторот, најтешка атомска катастрофа по онаа во Чернобил во 1986. година.