1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Јапонците и’ покажаа жолт картон на својата влада

Коалицијата на премиерот Абе на делумните парламентарни избори го загуби мнозинството во Горниот дом на парламентот. Но, тоа засега не менува ништо, оти во поважниот Долен дом коалицијата има стабилно мнозинство.

default

Изборна шлаканица за премиерот Шинзо Абе

Горниот дом на јапонскиот парламент за прв пат по повеќе од 50 години нема да биде под контрола на либерал-демократите – мнозинство во него сега ќе има Демократската партија. Премиерот Шинзо Абе ја презема одговорноста за тешкиот пораз, но во него не гледа израз на недоверба спрема владата и нема намера да се повлече.Тој најави реконструкција на кабинетот и продолжување на досегашната политика: “Ветив дека ќе продолжам со реформи и дека ќе ја обновам земјава. Моја одговорност и должност е да го исполнам ветувањето и јас сум решен да го сторам тоа”.

Премиерот беше избран од Долниот дом на парламентот во кој конзервативната владина коалиција има двотретинско мнозинство. Опозицијата веќе го постави прашањето за демократската легитимација на владата по поразот веќе на првиот испит. Јукио Хатојама, генерален секретар на Демократската партија изјави: “Народот го донесе своето решение. Абе мора да знае дали ќе си оди. Тој самиот рече дека на овие избори ќе биде решено кој е подобар – тој или шефот на опозицијата Ичиро Озава”.

Се очекува во наредните денови и повеќемина пратеници од владината коалиција да го постават прашањето за лојалност спрема Абе од страв дека предводени од него можат да ги загубат и изборите за Долниот дом на парламентот.

Според набљудувачите, неуспехот на Абе се должи на тоа дека неговата политика не ги зема предвид грижите и проблемите на многумина граѓани. Абе сака да го промени пацифистичкиот повоен устав на Јапонија и да го јакне патриотизмот, додека граѓаните, според анкетите, се загрижени пред се’ за својата социјална сигурност. Посебно голем број традиционални избирачи на либерал-демократите од селските подрачја овој пат гласаа за демократите, оти се чувствуваат како губитници од стопанските реформи. Владата, покрај тоа, беше потресена и од многубројни скандали, а поради корупциска афера министерот за земјоделство изврши самоубиство.

Мартин Фриц