1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Јапонија – скандал

Денеска во Токио уште еден висок функционер си го одзеде животот поради вмешаност во корупциски скандал. Поранешниот директор на државното претпријатие за експлоатација на шумското богатство со тоа го следеше чекорот на министерот за аграрни прашања Тошикатсу Мациока, кој се самоуби вчера. Аферата излезе на виделина откако двајца соработници на претпријатието беа уапсени под обвинение дека манипулирале со вносни конкурси за владини налози.