1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Јапонија – оставка

*

Владата на јапонскиот премиер Шинзо Абе доживеа уште еден тежок удар на самот три денели пред парламентарните избори во земјата. Министерот за одбрана Фумио Кјума имено поднесе оставка поради острите критики во домашната јавност на неговите изјави околу двете атомски бомби фрлени на крајот од Втората светска војна во Хирошима и Нагасаки. Кјума рече дека бомбите биле неодминливи, дека со нив и‘ бил ставен крај на војната и дека со тоа било спречено влегувањето на Советскиот сојуз во војна против Јапонија. Ваквите објаснувања предизвикаа бурни реакции во јавноста.

На местото на Фумио Кјума, премиерот Абе ја постави неговата советничка за национална безбедност Јурико Којке. Таа е прва жена во јапонската историја на местото министер за одбрана.