1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Јапонија не е подготвена на отстапки

Јапонија не е подготвена на компромис за суверенитетот врз островите Сенкаку, изјави синоќа јапонскиот премиер Јошихико Нода. Врз островите исто така претендира и Кина.

Јапонија има суверенитет над островите во Источнокинеското Море коишто се предмет на спорот со Кина, па оттаму нема да прави компромиси околу сопственоста, изјави јапонскиот премиер Јошихико Нода.

„Тие се природен дел на нашата територија во историска светлина, а и според меѓународното право. Оттаму не може да има никаков компромис кој претставува отстапување од тој став“, изјави јапонскиот премиер Јошихико Нода на прес-конференцијата во Њујорк по одржувањето на Генералното собрание на Обединетите нации, во врска со архипелагот Сенкаку.

Кинеско-јапонската криза во Источнокинеското Море продолжи откако во вторникот во јапонските територијални води околу островите Сенкаку (кинеското име е Дијаоу) впловија осум бродови на крајбрежната стража на Тајван и 40-ина рибаски бродови. Архипелагот Сенкаку припаѓа на Јапонија, но и Кина и Тајван сметаат дека полагаат право на оваа територија.

Тензиите нагло пораснаа на почетокот од септември откако јапонската влада ги откупи трите мали острови од приватен јапонски сопственик. Пекинг веднаш испрати воени бродови кон островите, а низ Кина цела седмица се одржуваат антијапонски протести.