1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Јапонија на пат кон реактивирање на атомските централи

Речиси две години по атомската катастрофа во Фукушима, јапонските енергетски претпријатија бараат повторно активирање на згаснатите нуклеарни реактори. Шансите за тоа не стојат лошо.

Јапонија ја проверува безбедноста на атомските реактори за нивно повторно активирање. Четири енергетски претпријатија најавија соодветни анализи за десет реактори на повеќе места.

„Речиси најдобри стандарди“

Ново формираната Агенција за атомска контроала (NRA) претходно ги заостри безбедносните стандарди за постројките. Така на пример мора да бидат зголемени заштитните ѕидови од цунами, да постојат безбедни контролни простории за кризни случаи. Од денеска (08.07.) во целата земја во сила се „најдобрите или речиси најдобрите стандарди“, уверуваше шефот на Агенцијата Шуничи Танака во Токио.

Барањата на енергетските претпријатија се првиот чекор во процесот, кој најверојатно ќе трае со месеци. На крајот на овој процес реакторите, според мислењето на експертите би можеле повторно да се вклучат на мрежа.

48 реактори во мирување

По катастрофата со земјотресот и цунамито, и хаваријата во централата Фукушима Јапонија во 2011 година ги затвори сите 50 атомски постројки. Две централи во 2012 година повторно вклучи на мрежата.

Пред хаваријата Јапонија 30 проценти од потребата за струја ги произведуваше со атомските постројки. Во моментов земјата увезува енергија.