1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Јапонија меѓу надеж и радијација

Во хаварисаната атомска централа Фукушима техничарите и натаму работат на активирање на системот за ладење. Бегалците од погодените региони во меѓувреме се подготвуваат за повеќемесечен престој во прифатните центри.

default

400 бегалци од регионот Фукушима имаат нов дом. По еден месец минат на тврдо тло во спортска сала, погодените со нивните кутии и картони се селат во хотели. Најмалку наредните шест месеци за нив ќе биде малку поудобно. Во собите сега ќе имаат барем малку приватна сфера за своите семејства, а откако фирмата управител го презентираше временскиот план, имаат и претстава кога најрано ќе може да ги напуштат хотелите.

Еден млад семеен татко, кој на својот син му го покажува новото место за престој изјави: „Сакам да му верувам на Тепко и да го поднесеме сето ова.“

Други пак имаат поголеми грижи, пред се’ за нивните работни места: „Не знам што ќе правам наредната половина година. Тешко можам да најдам нова работа.“

NO FLASH Japan Erdbeben Tsunami Zerstörte Fabrik

Ги нема ниту работните места!

За младата генерација речиси е неизбежна преселба во нов регион. Во евакуираните области претежно се сместени домови на стари лица. Некои од нив уште сега мора да бидат згрижени, некои дури четирипати досега се селеле. На пример група од 14 стари лица со деменција, кои во меѓувреме се сместени во нов

Japan Tsunami Ein Monat Danach Trümmer Trauer Gedenken

Старите лица тешко ја преживуваат катастрофата

дом во градот Фукушима. Јоко Сузуки се грижи за нив: „За 80 и 90 годишниците ситуацијата е безнадежна. Тие немаат искуство со вакви тешки животни околности. Многумина покажуваат веќе загрижувачки симптоми.“

Шефот на Тепко, пред јапонскиот парламент силно се обидуваше да го избегне впечаток на дезоринтираност. Масатака Шимизу го бранеше хаосот што настана на почетокот на катастрофата. „Никогаш не сметавме на цунами бранови со висина од 14 до 15 метри. Несреќна околност е што нашата фирма не предвиде таква катастрофа. Затоа уште еднаш сакам да му се извинам на јапонскиот народ.“

Меѓутоа бројот на противници расте. Пред централата на Тепко во Токио демонстрантите бараат енергетскиот концерн да се откаже од атомската енергија. Една еколошка организација допатува дури од соседна Јужна Кореја. Нејзниот застапник Јевонг Чои се пожали на зголемената радиоактивност во Пацификот. „Испумпувањето во морето е уште полошо отколку загадувањето на воздухот, затоа што океанот е директно погоден. Тоа во голема мерка ги загрижува рибарите во Кореја. Затоа предадовме писмо со барање итно да се сопре со испуштањето на озрачена вода.“

Тепко во меѓувреме врши испуштање на високорадиоактивна вода во голема цистерна. Оттаму ќе биде пренасочена во други садови за водата за да се филтрира и делумно повторно да биде вратена во реакторот. Меѓутоа додека да профункционира провизорниот систем за ладење, секојдневно радиоактивна вода и натаму ќе ја загадува околината.

Автор: Нилс Кинкел/ Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска