1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Јапонија, земјотрес

*

Најмалку четири лица загинаа а повеќе од 300 се повредени во силниот земјотрес во северозападниот регион Ниагата во Јапонија. Најтешко е погоден градот Кашивазаки. Агенциите јавуваат за повеќе урнати објекти во регионот. Според последните информации пожарот кој го зафати електричниот трансформатор во нуклеарната централа не предизвикал радиоактивно зрачење. Претходно беше јавено дека реакторот навреме бил затворен. Потресот бил почувствуван и во главниот град Токио, кој е 250 километри одалечен од местото на епицентарот. Властите во меѓувреме го повлекоа алармот за цунами бранови.