1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Јапонија жилаво се бори против атомска хаварија

Со хeликоптери, водени топови и обид да се обнови електричното напојување на системот за ладење, Jапонија прави напори да ја стави под контрола ситуацијата во нуклеарката Фукушима 1. САД и Русија ветија помош.

default

Хeликоптери испуштаат вода

Во борбата против нуклеарната катастрофа во централата Фукушима 1 на источниот брег, Јапонија се обидува со помош на хилкоптери да го лади нуклеарниот материјал. Војската денеска истури повеќе тони вода врз реакторот број 3. Имено нуклеарните прачки во овој реактор содржат високорадиоактивен плутониум. Во меѓувреме властите соопштија дека летовите се прекинати со цел да се провери дали ваквата мерка има некаков ефект. Истовремено беа употребени и водени топови за да се спречи топење на нуклеарното јадро. Акцијата повремено се прекинува поради зголемена радијација. Наредните два дена може да бидат пресудни за блокот 4. Експертите имено проценуваат, дека нуклеарните прачки се на суво и воопшто не се ладат. Со оглед на тоа што објектот е оштетен, тие имаат директен контакт со надворешната средина. Стручњаците велат дека доколку обидите за ладење на хаварисаниот реактор 4 пропаднат до утре, најдоцна до сабота ќе се случи голема атомска катастрофа. Техничарите, пак, се обидуваат да постават нов кабел и да го обноват напојувањето со електрична енергија, потребна за пумпите, вентилите и моторите во нуклеарната централа. „Кога ќе се воспостави напојувањето со струја, повторно ќе можеме да ги активираме системите за ладење на реакторите со морска вода“, изјави портпарол. Според фирмата Тепко, приклучување на централата на струјната мрежа може да се очекува најрано утре.

NO FLASH Japan Fukushima AKW Explosion Block 3

Фукушима 1

Портпаролот на јапонската влада Јукио Едано денеска соопшти дека обидите за ладење на реакторите 5 и 6 воопшто не почнале. Останува уште малку време, ситуацијата во овие реактори се’ уште не е толку опасна. Температурата е покачена, меѓутоа и јапонската служба за надзор проценува дека овие два реактори се релативно стабилни. Според новинска агенција Кјодо, намалено е меѓутоа нивото на водата во блокот 5, а притисокот расте.

САД и Русија нудат помош

Портпаролот на владата Едано соопшти дека јапонскиот премиер Наото Кан телефонски разговарал со американскиот претседател Барак Обама, од кого добил уверување за тесна соработка. Американскиот претседател ветил дека во Јапонија ќе бидат испратени дополнителни експерти за атомска енергија. САД претходно испратија беспилотно летало, за да ги документира штетите во хаварисаната јапонска атомска централа Фукушима 1. Направените фотографии и’ се доставени на владата во Токио. Русија исто така и’ понуди помош на Јапонија во борбата со пожарите во атомските централи.

Автор: АТ/ ГЧ/ дапд/ афп/дпа/ дв

Редактор: Симе Недевски

DW.COM