1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Јапонија ги продолжи санкциите за Северна Кореја

Јапонија ги продолжи економските санкции кон Северна Кореја за уште шест месеци. Владин портпарол објасни дека причината е непроменетиот став на Пјонгјанг околу киднапирањето на Јапонците во 70-те и 80 – те години. Покрај тоа тие не препознале и нов напредок во стопирањето на нивната атомска програма. Јапонија ги воведе санкциите за Северна Кореја во јули 2006 година.