1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Јапонија ги вклучува исклучените нуклеарки

Јапонскиот премиер Јошихико Нода и тројца владини министри денеска одобрија активирање на нуклеарни реактори во земјата, повеќе од една година по земјотресот и хаваријата во Фукушима.

Нода рече дека рестартот на нуклеарките е неопходност за избеднување на штетите што се прават во третата по големина економија на светот. Во употреба ќе се пуштат два реактори, кои имаат капацитет од 2.364 мегавати.

Premierminister Noda Japan

Премиерот Јошихико Нода го одобри вклучувањето на нуклеарните реактори

Недостатокот на енергија од нуклеарните централи ја зголемил потрошувачката на фосилни горива и гас. Во месец мај биле потрошени рекордни 4,41 милион тон втечнет гас, а потрошувачката на фосилните горива во исто истиот месец се зголемила за 169 проценти, во споредба со истиот период пред една година.

По несреќата во Фукушима јапонските власти ги изгасија сите 50 реактори во земјата. Пред премиерот и министрите, одобрение за повторното активирање на нуклеарните реактори даде и градоначалникот на градот Охи, на западот од Јапонија, со образложение оти постои загриженост за можен недостаток на електрична енергија, а последици би имало и за локалната економија, доколку централата остане затворена.