1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Јанша смета дека Македонија заслужува поддршка

*

Македонија заслужува натамошна поддршка, која би требало да биде потврдена преку определување датум за почеток на преговори за членство во ЕУ, смета словенечкиот премиер, Јанез Јанша. Јанша во писмо до претседателот на Европската комисија, Барозо, се залага и за тоа Србија што побргу да стекне статус кандидат за членство во ЕУ. Според Јанша, ако се исполнат потребните услови, статусот кандидат за членство во ЕУ, Србија би можела да го добие за неколку месеци. Словенечкиот премиер во писмото истакнува дека доделувањето на статусот не треба да се условува со процесот на решавање на иднината на Косово. Словенија ќе претседава со ЕУ од први јануари 2008-ма година.