1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Јануковиќ бара и предвремени претседателски избори

Украинскиот премиер Виктор Јануковиќ побара предвремените парламентарни избори во земјата да се одржат истовремено со прдвремени претседателски избори. Јануковиќ барањето го соопштил пред 50 000 луѓе кои вчера се собраа на централниот плоштад во Киев. На истиот митинг, лидерот на комунистичката партија, Петро Симоненко изјави дека треба да се стори се државата да се исчисти од „портокаловата чума“. Во меѓувреме е демантирана веста дека претседателот подготвува указ за одложување на предвремените парламентарни избори закажани за 27 мај, дури за октомври.