1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Јанукович малку попушти

Украинскиот претседател ги потпиша законот за амнестија на демонстрантите и за протести, веќе усвоени во парламентот. Војската претходно предупреди од раздор во земјата, барајќи Виктор Јанукович да преземе мерки.

Украинскиот претседател Виктор Јанукович, и покрај тоа што е на боледување, го потпиша законот кој предвидува амнестија на уапсените демонстранти, како и спорниот закон за ограничување на правото на протести.

Виктор Јанукович во моментов е на боледување откако ноќта кон четвртокот Врховната Рада (парламентот) изгласа поништување на законот за протестите од 16-ти јануари, кои се сметаат за „драконски“ во однос на правото на протести и беа причина за ескалацијата на протестите и судирите меѓу радикалните демонстранти и полицијата, во коишто имаше и неколку жртви. Меѓутоа, Јанукович прво истакна дека законот нема да стапи на сила доколку демонстрантите во следните две седмици не се повлечат од државните згради коишто ги окупираа во текот на безредијата.

Опозицијата и по последните отстапки од страна на политичкото раководство во земјата и натаму инстистира на оставка на Јанукович и одржување нови избори. Претходно премиерот Микола Азаров поднесе оставка.

Според официјалното соопштение на кабинетот на Јанукович, претседателот заминал на боледување поради акутна респираторна инфекција и висока температура.

Армијата се јави за збор

Украинската армија го осуди и го оцени за неприфатливо заземањето државни и јавни објекти од страна на демонстрантите. Војската го повика претседателот Виктор Јанукович да преземе итни мерки за стабилизирање на сoстојбата во земјата и предупредува дека ескалирањето на протетите претставува закана за територијалниот интегритет на Украина. Водечките луѓе на армијата претходно беа на разговор во Киев со министерот за одбрана, Павел Лебедев. Соопштението по разговорот подоцна е објавено на интернет страницата на Министерството за одбрана.

„Изразувајќи го својот граѓански став, офицерите и персоналот на вооружените сили на Украина, коишто работат во рамките на министерството за одбрана, го повикуваат Врховниот командант во рамките на постојното законодавство да преземе итни мерки за стабилизирање на ситуацијата во земјата и постигнување хармонија во општеството“, се вели во соопштението.

На 27-ми јануари, министерот за одбрана на Украина, Павел Лебедев изјави дека вооружените сили нема да се мешаат во конфликтната ситуација во земјата и не планираат да земат учество во нејзиното надминување. Апелите на некои политичари за ангажирање на војската во актуелната политичка криза, тогаш Лебедев ги карактеризираше како провокација

Мачења и малтретирања

Dmytro Bulatov

Дмитро Булатов - жртва на мачење

Еден од украинските демонстранти, кој неколку дена се водеше за исчезнат, во меѓувреме е ослободен од киднаперите, кои ги обвини затешки малтретирања.

„Ме распнаа на крст и ми ги заковаа рацете. Ми го пресекоа увото и ми го исекоа лицето. Не постои дел од моето тело кој остана здрав“, раскажува 35-годишниот Дмитро Булатов за телевизијата. Еден од лидерите на опозоцијата, Битали Кличко, истакна дека ова претставува обид на заплашување. Групи хучигани, поттикнати од власта, имаат грабнато 30 активисти од опоаицијата.

Противниците на Јанукович меѓутоа не се единствени. Во последно време некои националистички групи во рамките на опозицијата преземаат на своја рака употреба на сила.

ОН побараа независна истрага за извештаите за киднапирање и мачење во Украина.