1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Јанкулоска тврди дека има осомничени за нападите

Комитетот за односи меѓу заедниците во Собранието на Република Макдедонија денеска (09.03) дебатира за последните инциденти што се случија во автобуси на ЈСП и во близина на некои училишта.

default

Гордана Јанкулоска

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска ги информираше пратениците дека МВР ги презело сите мерки за откривање на напаѓачите во овие инциденти и повика на одговорно однесување и осуда на насилството од сите присутни на седницата на Комитетот, но и од, како што рече, сите оние кои имаат авторитет да влијаат за смирување на тензиите. Таа тврдеше дека на полицијата и‘ се познати лицата кои учествувале во нападите.

„За жал, во изминатиот период бевме сведоци на неодговорни изјави кои поттикнуваа насилство или информации пласирани во јавноста кои не кореспондираа со вистината. Сметам дека е исклучително важно во моментите кога е потребно целото општество да се ангажира и да се однесува сериозно, сите да бидеме одговорни со изјавите и информациите. Практиката покажа дека неодговорното однесување може да резултира со насилство кое може да има и трагични последици“, рече Јанкулоска.

Според Јанкулоска, од почетокот на годинава на целата територија на РМ се случиле 25 инциденти во кои биле нападнати 40 лица припадници на сите етнички заедници. Триесет и осум од нив биле повредени, петмина се задржани на болничко лекување, а двајца се здобиле со убодни рани. Десет од овие инциденти, во коишто биле вклучени најчесто млади луѓе, се случиле во автобуси на ЈСП, а 10 во близина на училишта. Во овие бројки не спаѓаат инцидентите од четвртокот (08.03).

„Одговорноста е на Владата“

Претседателката на Комитетот за односи меѓу заедниците Ермира Мехмети рече дека е време за итна и бескомпромисна реакција на институциите на државата за кои, според неа, ова е тест за подготвеноста дали тие можат да го вратат мирот и безбедноста на граѓаните кога излегуваат од дома. За обвинувањата дека власта е одговорна за ваквите настани, таа рече дека време е да се отфрлат тезите дека Владата води националистичка политика. Одговорноста ќе биде на владејачкото мнозинство и на Владата доколку лицата не бидат изнесени пред лицето на правдата, рече Мехмети.

Öffentliche Verkehr in Skopje

Од почетокот на годинава се случиле 25 инциденти во кои биле нападнати 40 лица

Бурни реакции од пратениците предизвика говорот на Орхан Ибраими од ДПА кој побара излегување на ДУИ од Владата бидејќи дозволила, како што рече, „линчување“ на Албанците.

Според Ибраими и неговата пратеничка група, главен инспиратор и поттикнувач на ваквите етнички односи е Владата која, како што рече, нема расположение за решавање на овие проблеми.

Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ оцени дека обраќањето на Ибраими е ништо друго, туку говор на омраза и дека имајќи ги предвид инцидентите треба да се гледа интересот на сите млади во Македонија.

Седницата на Комитетот е прекината откако Имер Алиу од ДПА побара од претседателката Мехмети да му биде дозволено процедурално обраќање.

Автор: БГ/миа

Редактор: Е.М.Фиданоска