1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Јанкулоска: Сомнителниот „Опел“ бил на местото на злосторството

Македонската министерка за внатрешни работи потврди дека сомнителното возило пронајдено на десетина километри од Смилковското езеро било на местото на грозоморното убиство.

Возилото од марката „Опел Омега“ со скопски регистерски таблички, што полицијата вчера го најде десетина километри од Смилковското езеро, било на местото на петкратното убиство, информираше денеска (16.04.2012) министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Утврдено е дека регистерските таблички припаѓаат на друго возило.

Апел за воздржување од шпекулации

Според информациите што ги пренесе Јанкулоска, автомобилот бил донесен од странство и не бил регистриран во Македонија. Таа  побара граѓаните да и‘ помогнат на полицијата.

„Од посебно значење е информацијата доколку некој граѓанин го видел ова возило непосредно во деновите што му претходеле на убиството“, изјави Јанкулоска, која побара дополнително време за резултати од анализата на трагите во возилото.

Прашана за коментар по објавените информации во дел од српските медиуми дека постои жив сведок на петкратното убиство, чиј идентитет се крие, Јанкулоска со став:

„Сакам да апелирам до сите медиуми да се воздржат од шпекулации, бидејќи не е исклучена можноста дека во овој период, додека истрагата се‘ уште трае, ќе има секакви шпекулации кои не секогаш се добронамерни и ќе има секакви провокации за изнесување детали во јавноста, кои во крајна линија може да одат единствено на штета на истрагата. Уште еднаш сакам да се обратам до сите вас за дополнително трпение, бидејќи сите информации кои сметаме дека може да ги споделиме со јавноста ќе ви бидат ставени на увид“.

Јанкулоска, во врска со најавите за собирања на граѓани пред Соборниот Храм и пред зградата на Владата повика тоа да се направи мирно и воздржано, за да не дојде до нарушување на јавниот ред и мир.