1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Јанкулоска: не може да се каже дека убиството е меѓуетнички конфликт

Неможеме да кажеме дека се работи за меѓуетнички конфликт, изјави пред малку во Скопје министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Истрагата утврдила дека врз петмината убиени е пукано од три типа на оружје.

Можно е убијците да се избегани од државата, а на информативен разговор досега се повикани околу 50 луѓе. Полицијата апелира граѓаните да останат мирни и да ја информираат ако имаат какви било сознанија за злосторството. Убиените денеска се погребани, а во Радишани е траорно но и напнато.

Апел за воздржаност денеска стаса и од ОБСЕ. Претседавачот на ОБСЕ, ирскиот вицепремиер Имон Гилмор изрази сочуство до семејствата на петмината Македонци, кои во четвртокот доцна вечерта беа убиени во околината на Скопје. Гилмор ја поздравува брзата акција на властите и верува дека одговорните за овој, како што го нарекува, ужасен инцидент ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

Gordana Jankulovska Innenministerin Mazedoniens

Министерката Јанкуловска информираше дека петтемина се убиени со три различни типови на оружје

„Се приклучувам на повиците на политичките лидери во земајта и нашите меѓународни партнери луѓето да останат смирени и да се воздржат од било каква акција што може да ги зголеми тензиите меѓу двете заедници“. Во соопштението се вели дека мисијата на ОБСЕ ја следи ситуацијата и е во постојан контакт со властите и меѓународната заедница.

Во четвртокот вечерта рибари ги пронајдоа петте мртви тела покрај Железарското езеро кај село Смилковци, четири момчиња на возраст од околу 20 години од населбата Радишани и четириесет и петгодишен жител на селото Црешово.

Жителите на населбата Радишани вчера во знак на револт ги блокираа приодите кон Радишани и побараа полицијата што побрзо да го расветли убиството.

Поврзана содржина