1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Јанкулоска: Информациите дека убиjците се фатени не се точни

Македонската министерка за внатрешни работи изјави дека секој ден има нови детали за петкратното убиство кај Смиљковци, но во интерес на истрагата тие не можат докрај да бидат објавени.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска (18.04) повторно апелираше на воздржаност и разбирање од сите граѓани и медиуми.

По денешната средба на полицискиот врв со премиерот Никола Груевски, на која бил реконструиран целиот настан и дискутирани сите аспекти, Јанкулоска истакна дека се појавиле неофицијални информации во јавноста оти биле фатени четворица од убијците, оценувајќи ги таквите тврдења како злонамерни и тендециозни.

„Апелирам на воздржаност до сите медиуми и го поздравувам апелот на Здружението на новинари на Македонија за објективно информирање за грозоморното убиство. Информацијата дека сторителите се фатени не е точна и воедно сакам да побарам разбирање за сите информации кои не можеме да ги споделиме со јавноста. Станува збор за најобемен случај на македонската полиција и продолжуваме да работиме со најдобро обучените луѓе“, рече министерката за внатрешни работи.

Јанкулоска потенцираше дека на полицијата засега не и‘ е познат идентитетот на сторителите и оти се изнесуваат податоци во јавноста кои не се поткрепени.

„Се’ уште ги разработуваме сите сценарија кои би можеле да се случат и во оваа фаза цениме дека објаснување на новите детали не и‘ одат во прилог на истрагата и токму затоа не треба да се објавуваат во целост. Сознанијата за мотивите за убиството засега не ги коментираме, затоа што би можеле многу да откријат. Не потценуваме ниту една информација која излегува во јавноста, но работиме буквално 24 часа за истрагата да напредува секој ден. Информациите кои ги имаме бараат време за разработка. Иако имаме прелеминарни сознанија за сторителите, во интерес на истрагата нема да бидат јавно кажани“, рече Јанкулоска.

Поврзана содржина