1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Јанкулоска: Да не се собираат политички поени со злоупотреба на деца

Македонската министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска го осуди обвинувањето на политичарите кои тврделе, како што рече, дека инцидентите во градските автобуси се монтирани за креирање криза во државата.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска (16.11.) изјави дека МВР „ќе продолжи сериозно да се однесува“ кон темата насилство.

„Да ја оставиме настрана политиката, бидејќи имаме проблем што треба да се решава. Во функција на решавање на тој проблем ги мобилизираме сите сили кои ни стојат на располагање и во смисла на расчистување на досегашните инциденти на кои интензивно се работи, меѓутоа и во функција на превенирање на евентуални идни инциденти. Пораката, која ние и како возрасни луѓе и како политичари и како одговорни граѓани на оваа држава треба да ја испратиме не е манипулација со малолетните лица, туку помирување, толеранција и избегнување на каков и да е вид насилство, бидејќи насилството не може, не смее и не треба да биде оправдување за остварување на какви било цели“, изјави Јанкулоска.

Таа нагласи дека интензивно се работи на расчистување на сите инциденти и информираше дека во врска со ова прашање вчера имала средба со претставници од општината Гази Баба, како и средби на работно оперативно ниво.