1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Јанкуловска тврди дека Бошковски не бил прислушкуван

На пратенички прашања денеска (25.11) одговараше и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска која тврди дека МВР не го прислушувало Љубе Бошковски, обвинет за нелегално финансирање на предизборната кампања.

default

Македонската министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска

„МВР во случајот ’Кампања’ не употребило посебни истражни мерки од овој тип,
не е применето следење на разговори на мобилната, сателитската и фиксната телефонија, немало прислушување во овој случај“ рече Јанкулоска на пратеничкото прашање за прислушувањето на Бошкоски, кое и‘ го постави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски. Според неа, МВР на пратениците им дале прецизен и детален одговор на прашањата.

Wahlen in Mazedonien Kandidaten

Љубе Бошковски

Се’ друго, додаде министерката, е манипулација и невистина, а прашањата за причините за нивното пласирање треба да се упатат на адреса на оној што се обидува да наметне таков впечаток во јавноста.

Комисијата за надзор на комуникациите вчера донесе заклучок, наместо да се формира работна група, цел состав да оди во МВР и да провери како бил следен Бошкоски. Мнозинство во оваа комисија е од опозицијата, која вчера ги надгласа двајцата пратеници од власта, кои беа против. Претседателот на комисијата Тито Петковски вчера рече дека веднаш ќе испрати барање до МВР за увид во документацијата за тоа како бил следен Љубе Бошковски.

Министерката Јанкуловска денеска пред пратениците истакна дека Петковски, иако ја добил информацијата од МВР со јасно и прецизно образложение дека вакви мерки не биле применети, тоа не го соопштил во јавноста.

Автор:СН/ЖА/миа/макфакс

Редактор: Жана Ацеска