1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Јанез Јанша по вторпат премиер на Словенија

Јанез Јанша, кој беше словенечки премиер од 2004-та до 2008-ма година, повторно ќе ја предводи владата на оваа земја. Тој веќе започна да работи на составување на кабинетот со оглед дека има рок од само 15 денови.

default

Јанез Јанша во разговор со новинари

Нецели два месеца по изборите во Словенија, парламентот на оваа земја гласаше за доделување на мандатот за составување на новата влада на опозицискиот конзервативен политичар Јанез Јанша.

Лидерот на Словенечката демократска партија Јанша сега располага со 15 дена да состави влада, која ќе треба енергично да се справи со економските проблеми поради европската должничка криза,

Slowenien Parlamentswahl

Гласањето за словенечкиот парламент беше на 4 декември минатата година

како и да предложи реформи кои ќе го запрат намалувањето на кредитниот рејтинг на земјата. Новата влада ќе треба да биде изгласана во парламентот, каде коалиција од пет партии што ја состави Јанша има јасно мнозинство.

Победник на парламентарните избори што се оддржа во Словенија на 4 декември беше партијата на левиот центар- Позитивна Словенија. Меѓутоа нејзиниот кандидат за премиер и актуелен градоначалник на Љубљана Зоран Јанковиќ не успеја да ја добие поддршката на парламентот.


Јанша, кој беше словенечки премиер од 2004 до 2008 година, вети дека ќе го зајакне економскиот раст на земјата, како и дека ќе ги намали основните даноци и бирократијата. Тој, исто така планира да ги намали буџетските трошоци и дефицитот, да ја зголеми старосната граница за пензионирање и да ја забрза приватизација.

Автор: СН/ АТ/ дпа/ миа

Редактор: Александра Трајковска