1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Јаневска: Пописот ќе почне навреме

Претседателката на Државната пописна комисија во Македонија, Весна Јаневска, денеска ги отфрли шпекулациите дека е можно повторно одлагање на почетокот на пописот. Таа за Миа изјави дека пописот ќе почне навреме.

default

„Попис ќе има. Пописот почнува задутре. Ние имаме Закон за попис. Работиме напорно од декември минатата година. Обуките се во тек, луѓето се подготвуваат и нема дилеми дали ќе има или не попис. Се‘ тече многу забрзано со многу труд, со многу работа. Со многу потешкотии ние стигнавме до крајот и мислам дека од задутре се‘ ќе биде во ред“, рече Јаневска.

Во врска со информациите за различни толкувања на Законот за попис и барањето да се попишуваат и државјани на Македонија што живеат во други земји, а влегле еднаш во земјата во текот на една година, Јаневска признава дека има различни мислења, но тврди дека пописот ќе се спроведува согласно Законот.

„Има различни мислења. Но, попишувачите и сите други учесници во пописот ќе работат по Законот“, рече претседателката на ДПК.

Според нејзиниот заменик, Абдулменаф Беџети стартот на пописот е неизвесен поради барањата на претставниците на албанската заедница да се попишуваат и граѓани кои се отсутни од државата повеќе од 12 месеци.

Согласно законот, граѓаните кои престојуваат надвор од земјата повеќе од 1 година не треба да бидат опфатени со пописот.

Пописот на наслението и донаќинствата во Македонија ќе се одржи од 1 до 15 октомври.

Автор: БГ/ ЕМФ/ миа/ бета

Редактор: А. Трајковска