1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Јазикот и знамињата експресно на дневен ред

Во наредните два дена мандатарот Никола Груевски ќе го достави до македонското собрание предлогот за состав на неговиот трет владин кабинет, велат за Дојче Веле извори на владејачкото мнозинство во парламентот.

default

Набргу потоа би можело да се случи парламентарното гласање за предлогот на Груевски, доколку до петок бидат усвоени законските проекти за што договор постигнале коалициските ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ. Денеска (13.07) во парламентот експресно се ставени на дневен ред измените во законот за употреба на албанскиот јазик, со што се предвидува проширување на неговата примена и во Собранието, преку настапи на министрите на својот мајчин јазик, но албанскиот нема да биде официјален и на седниците на владата. Пратеничката група на ДУИ, покрај овој законски проект, стои зад иницијативата албанското знаме да се истакнува паралелно со македонското државно знаме во средини каде што таа етничка заедница е побројна од 20 насто. На денешната седница опозицијата се спротивстави на овие законски проекти и истакна дека актуелниот кабинет функционира како техничка влада која нема право да предлага или да дава согласност за законски проекти. Според Игор Ивановски од СДСМ, тоа е кршење на Уставот и Рамковниот договор, а тандемот Груевски- Ахмети, според ставот на опозицијата, се обидува на мала врата да го реализира стартот на договорот за идното владеење.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска