1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Јазикот е нашата татковина

За себе велат дека се работливи и имаат природен ген за финансии. Во Крушево ги има во најголем број. Имаат две политички партии и бараат нов изборен концепт. Власите во Македонија тврдат дека не постои силно влашко лоби

default

Во Крушево има околу 10 проценти Власи

Прекрасните ракотворби, чувани со генерации пренесувани од колено на колено, извезени или исплетени до совршенство, иштиркани до најголема крутост, се првото нешто кое ќе ви падне во очи кога ќе влезете во една влашка куќа. Во чистотата на куќата се огледува Влаинката, по неа се мери нејзината работливост. Годините минувале, современиот начин на живот навлегол во сите пори, но кај Власите тоа оди најбавно. Важат се‘ уште некои непишани правила, а традицијата, обичаите се пренесуваат и се почитуваат до таа мера што и покрај тоа што немале своја држава, ги зачувале идентични и неизменети. Јазикот исто така. Се држат за него тргнувајќи од вистината дека јазикот на секој народ е негова татковина.

Во Крушево Власите се најмногубројни. Официјално ги има околу 650, но ова ни приближно не е вистинската бројка, ќе ви рече секој Влав кого ќе го запрашате за нивната борјност. Ова е десет насто од вкупното население, но сепак, нивната упорност и самосвест придонесла да се изборат Крушево да стане двојазично подрачје.

Факултативната настава на влашки јазик започна пред четиринаесет години. Агапи Чунгоска е првиот наставник кој го предаваше влашкиот јазик и со гордост потенцира дека тогаш имало 240 деца. Оваа настава подоцна премина во изборен предмет.

„Долги години јазикот не се зборуваше, освен во фамилијата. Го зборуваа оние кои имаа баби и дедовци и јазикот се пренесуваше од генерација на генерација. Кој и да е јазик треба се зачува како една традиција и како дел од културата. За среќа, сега влашкиот јазик се изучува како изборен предмет“, вели Агапи.

Таа додава: „Повеќепартизмот го прифативме како нужност или како можност да ја подобриме својата егзистенција, како шанса за вработување.“

Политиката ги подели и Власите

Власите во Македонија прво беа организирани во здруженија и во Лига на Власи. Политиката и нив ги подели. Сега има две политички партии - Партија на Власи и Демократски сојуз на Власите. Но, ни преку едната, ниту преку другата можат да дојдат до место во Парламентот, затоа коалицирањето им е единствена шанса.

Mazedonien Land und Leute Schüler in einer Grundschule

Влашкиот јазик сега се изучува како изборен предмет

„Власите никогаш не сакале да влезат во партија, ниту пак во нив гледале некој просперитет. Но беа само две партии, ВМРО и СДСМ, а власите се почувствуваа деградирани. На ваков начин почнаа да гледаат можност да се вработат и сега сите почнаа да бараат потврди, пристапници“, потенцира Агапи.

Не само во Крушево, туку и во останатите градови од земјата претопувањето на Власите, како резултат на мешовитите бракови, е причина за намалување на нивниот реален број. Години наназад, а најмногу што и Македонија ја чуствуваат како своја татковина, Власите се определувале како Македонци, се согласува и претседателот на Партијата на Власите, Мите Костов. Сепак, најголемата придобивка е уставното признавање на власите како посебен народ и нивното интегрирање според Рамковниот договор.

„Се отворија неколку агенции. Едната е Агенција за потикнување и развој на културата на етничките заедници. Таму имаме и вработен Влав кој ќе ги менаџира проектите и на таков начин ќе им помогне и на другите етнички заедници“, вели Костов.

За нов изборен концепт

Залагањата на партијата во иднина ќе бидат насочени кон нов законски изборен концепт кој ќе им овозможи нивни преставник во Парламентот.

„Бевме меѓу првите кои побаравме менување на изборниот концепт и уште во 2001 година побаравме секоја помала етничка заедница да им свој репрезент во Парламентот кој ги познава проблемите и може да ги реши“, вели Костов.

Deutschland Symbolbild Volkszählung

За претстојниот попис ќе се делува да се зголеми националното чуство, велат Власите

Интегрирањето на Власите во општествено-политичките текови оди бавно, но со сигурни чекори, истакнува Билјана Филиповска, претседател на Форумот на жени Влаинки. Таа е задоволна и со она што државата им го овозможува.

„Беа испечатени три учебници на влашки јаик, а авторите на овие учебници се жени“, вели Филипоска.

Преставниците на Власите во Државната пописна комисија не ги потпишаа записниците на последниот попис. За претстојниот ќе се делува да се зголеми националното чуство.

Не постои силно влашко лоби во Македонија, се согласуваат соговорниците на Дојче веле, но следните карактеристики ги истакнаа како битни за пробивот на својот народ не само во Македонија, туку и во другите држави: работливоста, трудољубивоста, природниот ген можеби што го имаат во делот на економијата и финасиите.

Автор: Златка Пурковиќ

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска