1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Јаглен, челик и обединета Европа

Пред 60 години, на 23 јули 1952 година во сила стапи Европската заедница за јаглен и челик, зародишот на Европска економска заедница, која беше создадена во 1957 година со Римските договори. Од неа во ’90 се создаде ЕУ.

Минаа пет години по крајот на Втората светска војна, Сојузна Република Германија се’уште го немаше прославено ниту својот прв роденден, кога францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман предложи заедничко управување на производството на јаглен и челик. Планот на Шуман беше револуција: наднационална установа требаше да ги добие овластувањата за носење одлуки. Германско-француските односи беа обележани со недоверба: ќе западне ли Германија, како по Првата светска војна, повторно во национал-социјалистичко лудило и ќе му се заканува на соседот? Или хоророт од војната и убивањата ќе ги поттикне демократските и слободарските сили и ќе го овозможи помирувањето?

„Европа треба да престане да биде бојно поле, на кое искрвавуваат спротивставените сили. Од ова толку скапо платено самосознание сакаме да тргнеме по нови патишта, кои ќе не‘ одведат до обединета и конечно ослободена Европа“, ќе каже Роберт Шуман, пионер на помирувањето, кој ги доживеа двете светски војни. Тој живееше, студираше и работеше во Луксембург, Бон, Минхен, Берлин, Стразбур и Метц.

Schumann-Plan

Францускиот министер за надворешни работи Шуман во 1950 година го објави планот за формирање на Европска заедница за јаглен и челик

Кога регионот Елзас - Лотринген по Првата светска војна 1919 година од Германија и‘ беше вратен на Франција, Шуман зеде француско државјанство. Во Франција ја започна неговата политичка кариера. Иако за време на целиот свој живот со акцент зборуваше француски, кратко по Втората светска војна стана француски премиер и подоцна министер за надворешни работи. Во таа функција ја промовираше идејата која го смени лицето на Европа до денес: „Француската влада предлага, германското и француското производство на јаглен и челик да се стават под заедничка управа“, ќе рече Шуман. 

Со предлогот за ваква унија, кој предвидуваше бесцаринска стокова размена меѓу Франција и Германија, која требаше да биде отворена и за други земји, Шуман се залагаше за континуирана кооперација и цврсти обврски меѓу некогашните земји непријатели. Во германскиот канцелар Кондрад Аденауер, тој пронајде партнер кој ги следеше истите цели. „Железото и челикот во изминатите децении и столетија играа судбоносна улога при борбите меѓу европските народи, имено сите оружја беа од железо и челик. Сега железото и челикот треба да ги обединат европските народи во заедничко тргување и размислување“, велеше Аденауер. 

Визија за обединета Европа

Startbild Bildgalerie 50 Jahre Römische Verträge Unterzeichnung

Планот на Шуман се преточи во Римските договори

Претставувањето на планот на Шуман и формирањето на Европската заедница за јаглен и челик која произлезе од него денес се смета за роденеден на Европската заедница. Впрочем во неговото појаснување Шуман го предвиде подоцнежните преплетување на земјите членки. Тој веќе беше уверен дека Европската заедница за јаглен и челик ќе треба да води кон подлабока и поголема унија. „Овој предлог за првпат конкретно спроведува европска федерација, која е нужна за обезбедување на мирот“.

Сепак, почетокот на 1950 години беше време кое не беше зрело за далекусежните планови на Шуман. Две години подоцна се повлече од функцијата министер за надворешни работи, оти не можеше да се наметне со идејата за Европската заедница. Беа потребни уште седум години, додека европските држави беа подготвени, да се обврзат на потесна соработка преку Римските договори. Но напорите на Шуман беа наградени. Тој стана првиот претседател на Европскиот парламент.

Dossierbild Römische Verträge Bild 3

Од планот на Шуман до обединета Европа

Навраќајќи се наназад, Аденауер препозна дека Шуман уште во 1950. беше европски визионер: „Тој гледаше подалеуку од мене - кога ја предложи Европската заедница за јаглен и челик. Немојте да мислите дека Европската заедница за јаглен и челик ја предложи поради економски причини. Тоа беше изворедна политичка работа“.

И почеток на обединувањето, кое денес се отсликува во Европската унија со 27 земји членки и половина милијарда граѓани. Европската заедница за јаглен и челик повеќе не постои. Првичнот договор од 1952. година истече по 50 години. Одредбите од Европската заедница за јаглен и челик, во 2002. година се преточија во договорите  на ЕУ.