1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Јаглен и трициум пред Елисејската палата за Оланд и Меркел

Активисти на Гринпис истоварија јаглен и трициум пред Елисејската палата во Париз во пресрет на почетокот на самитот меѓу француските и германските политички лидери.

Активисти на организацијата за заштита на животната средина „Гринпис“ изутринава истоварија камион полн со јаглен пред влезот на претседателската палата во Париз, неколку часа пред посетата на германската делегација предводена од канцеларка Ангела Меркел.

Со истоварувањето на пет тона јаглен пред Елисејската палата, од Гринпис бараат до 2030. година во Европа да се произведува најмалку 45 отсто енергија од обновливи извори. Јагленот, кој во голема мерка се користи во Геманија, предизвикува голема загаденост на воздухот.

Активистите на Гринпис пред палатата оставиле и околу две илјади литри вода загадена со трициум, погонско гориво за производство на атомско оружје. Од Гринпис соопштија дека трициумот го земале од околината на Хаг. Од организацијата бараат во Германија помалку да се троши и произведува јаглен, а во Франција да се намали производството на нуклеарната енергија.

Портпаролот на полицијата во францускиот главен град одби да даде коментар за настанот, а ниту канцеларијата на претседателот Франсоа Оланд не даде изјава.