1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Јавно-приватно партнерство како шанса

Јавно-приватното партнерство во Македонија и покрај донесената законска регулатива се‘ уште е во зародиш. Експертите сметаат дека токму во годината на големата светска криза, овој вид инвестиици стануваат се‘ поактуелни.

default

Куманово

Во Охрид се одржа стручна средба, на која пред неколку германски експерти од оваа област и Германското друштво за техничка соработка - ГТЦ, беа промовирани конкретни проекти .

Македонија е на добар пат да го избере вистинскиот модел за јавно–приватно партнерство. Законот што ја регулира оваа област е донесен уште пред годинаипол, вели Зоран Витанов, сопственик на консалтинг- фирма. Сега, откако одредени проекти тргнаа, се увиде дека законот треба да претрпи измени во делот на формирање на јавното–приватно партнерство. Македонија може да се пофали со веќе реализирани проекти, вели Витанов:

Strasse in Strumica, Mazedonien

Струмица

„Имавме проект за хемодијализа по пат на јавно – приватно партерство, имаме веќе реализирани проекти во Битола, во Куманово проект во завршна фаза. Имаме најави за проекти, овде, од учесниците на работилницата. Проекти имаат речиси сите посериозни општини во Македонија. Јас лично можам да ја прогласам оваа 2009 година за година на јавното-приватно партнерство во Македонија, се разбира во областа на економијата“, вели тој.

Треба да се одбере вистински модел

Во Европа јавното–приватно партнерство дава одлични резултати, ама на површина се појавиле и низа негативности:

„Најтипичен ризик е избор на погрешен модел. Ако на почетокот се избере погрешен модел, приватникот може

Bitola Sirok Sokak, Mazedonien

Битола

да биде во добивка, а истовремено, сериозно да биде загрозен јавниот интерес. Друг ризик е несолвентен приватен партнер. Ако се влезе во инвестиција од неколку милиони евра без банкарска гаранција, таа не ќе може да се реализира. Постои и политички ризик. Со промена на власта се прави ревидирање на договорите и нивни незаконски поништувања. Се‘ се тоа ирационални политички зафати.“

И додека приватниот капитал лесно го наоѓа патот до окрупнување, македонските општини, притиснати од ниските буџети, задолженоста и бавната децентрализација во сферата со користењето на градежното земјиште, со раширени раце одат во пресрет на овој модел за инвестирање на проектите кои ќе ја подобрат живеачката на обичниот човек.

Општина Пробиштип е пред фаза на распишување оглас за изградба на зелен пазар по пат на јавно-приватно партнерство, открива Саша Максимоски, вработен во општината: „Се работи за простор од 12 000 метри

Prilep Marktplatz, Mazedonien

Прилеп

квадратни, со две компоненти - зелен пазар и деловно–административен простор. Атрактивност има, се наоѓа во центарот на градот. Тој ќе опслужува 15 000 жители од градот. Со оглед на тоа што Пробиштип е на централна позиција во Осоговијата, се надеваме дека овој зелен пазар ќе има пошироко значење за регионот.“

Весна Илиевска од локалната самоуправа од Делчево признава дека најголем дел од општините во процесот на спроведувањето на јавното-приватно партнерство се соочуваат со неподготвеноста на јавната администрација. Зголемувањето на нејзиниот капацитет за да се прифати предизвикот е голем. Делчевци се среќни што инвеститорите чекаат проектите да добијат зелено светло:

„Веќе се интересираа некои наши иселеници кои се на печалба во странство. Доѓаат, прашуваат, се интересираат, сакаат да инвестираат. Но, кај нас проектот е се‘ уште во фаза на планирање. Сметам дека, според ова, нема да има проблем да се дојде до инвеститори.“

Berovo, Mazedonien

Берово

Искуството во Македонија е позитивно

Македонија брзо ги препозна ефектите од јавното – приватно партнерство, заклучува Клаус Грим, експерт од Хамбург:

„Во Македонија, владата и локалните самоуправи дефинитивно јавното-приватно партнерство го имаат прифатено како шанса плус и веќе имаат реализирано неколку проекти. Нашето искуство во Македонија е многу позитивно. Локалните власти имаат јасни проекти, како што се зелени пазари, изградба на училишта, управување со цврст отпад, туризмот.“

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска