1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Јавете се на 112

Што ќе правите доколку на пат ви се случи незгода? На кого ќе му се јавите? Во таков случај, во ЕУ, може да го свртите бројот 112 и да побарате помош. Денеска е Европски ден на бројот на кој може да се добие итна помош.

default

Денеска Европската унија ја објавува својата „најдобро чувана тајна“: Европскиот број за повикување брза помош - 112. Тој постои уште од 1991 година, но пет години откако беше воведен не функционираше насекаде. Во некои земји доколку се повикаше бројот 112 често можеше да се слушне „биравте погрешен број“, вели Вивијан Рединг европки комесар за информатичко општество и медиуми.

Таа точно знае кој губи во ваков случај: „Граѓаните. Тие имаат право слободно да се движат во Европа како да се дома. Европа како безграничен простор е нивната татковина и затоа мора да создадеме услови, слободно да се движат во овој безграничен простор. Затоа во случај на опасност треба да запомнат само еден единствен број, а не 27 различни. Тоа е решението.“

Единствен број ширум ЕУ

Viviane Reding, EU-Kommissarin für Medien und Telekommunikation

Комесарот Вивијан Рединг

Во меѓувреме бројот функционира во сите држави на Европската унија. Но, не беше секогаш така. Пред неколку години беа утврдени големи недостатоци во врска со бројот за брза помош 112, по што Европската унија веднаш почна седумнаесет постапки за прекршување на договорот. Последната постапка заврши пред околу две недели, а се водеше против Бугарија. Сега кога ширум целата Унија е воведен единствениот број постојат уште неколку проблеми вели комесарот Рединг: „Првиот е јазичниот проблем. Има некои земји каде во пракса не се употребуваат сите јазици. Се надевам дека меѓународниот ден на 112 ќе придонесе да се реши и овој проблем.“

Идејата е, под еден број во секоја земја на ЕУ граѓаните да добијат помош на мајчиниот јазик. Досега во 19 земји членки на овој број се комуницираше на англиски, во девет земји на германски и француски, а на италијански во три држави.

Бројот 112 е најпознат во Бугарија

Друг проблем е тоа, колку е познат бројот 112. Според анкетите само 24 проценти од граѓаните на Европската унија спонтано одговараат дека под тој број може да повикаат итна помош. Во Германија, на пример, тоа го знааат само 16 проценти од испитаниците. Во овој поглед води Бугарија. Спорот со ЕУ околу воведување на бројот го направи познат во јавноста: „Сега 50 проценти од граѓаните во Бугарија знаат дека постои бројот и дека

Deutschland Handy Servicehotline 115

Брзо лоцирање

може да го користат. Дури и странците кога пристигнуваат во Бугарија добиваат СМС порака за добредојде со бројот 112 , за да знаат дека може да го користат и во таа земја,“ нагласува Рединг.

Освен ова, веќе неколку години со самиот повик од мобилен телефон, спасувачките екипи веднаш може да го локализират местото каде што се случила несреќата. Тоа е особено од помош ако сте во странство и не знаете каде се наоѓате. Останува уште бројот да стане познат. Затоа Европскиот парламент денеска за првпат го одбележува „Европскиот ден на 112“.